Заборавете на мразот – овој мини-ладилник ги лади пијалаците со помош на сончевата светлина

- Advertisement -

Нов вид на ладилник каков што не сме виделе досега само што стартуваше кампања на Indiegogo. Како што ветуваат иноваторите кои стојад зад овој ладилник, првите производи ќе им бидат доставени на поддржувачоите на кампањата за неколку месеци отсега.

Овој ладилник е поинаков од сите други затоа што наместо да го полниме со мраз и да ја држи ладна храната и пијалаците, GoSun Chill има сосема иновативен метод на ладење. Ладилникот има мотор кој ја одржува храната ладна, работи на литиум-јонски батерии кои се полнат на струја или со сончева енергија.

- Advertisement -

Тоа е најимпресивниот момент кај овој соларен ладилник – има вградени соларни панели кои генерираат енергија за да работи моторот и да лади. Дури можете да го искористите вишокот енергија кој ќе се складира во неговиот Powerbank од 144wh за да ги наполните батериите на други уреди и тоа повеќе пати.

Компанијата GoSun не е позната по производство на ладилници. Напротив, најпознатите производи на компанијата се чиста спротивност на ладилниците – тие прават соларни печки. Сега од GoSun одат чекор понапред во остварувањето на нивниот сон да ги понудат сите потребни уреди за летна кујна или кујна под ведро небо.

- Advertisement -

Иако има слична големина како стандардните ладилници, овој соларен ладилник од 40 литри може да собере 40% повеќе храна и пијалаци затоа што во него нема мраз кој зафаќа простор. Доколку сакате да ја поддржите нивната кампања на Indiegogo и да си обезбедите GoSunChill по цена од 549 долари за верзијата со соларни панели, додека за верзијата без соларни панели ќе треба да платите 479 долари. Досега кампањата има собрано околу 600.000 долари, а се очекува првите уреди да бидат доставени во август.

Сподели!
- Advertisement -