Канадски судија одлучи дека „лајк“ симболот е валиден исто како потписот, велејќи дека судовите мораат да се адаптираат на „новата реалност“ на човековата комуникација, кога пресуди дека земјоделец треба да исплати 61.442 американски долари поради неисполнет договор, пренесува „Гардијан“.
Во скорешен правен случај во Саскачеван, Канада, компанијата „South West Terminal“ испратила групна текстуална порака до клиентите во март, рекламирајќи дека откупува 86 тони лелено семе за цена од 12 американски долари по килограм.
Откупувачот и претставник на компанијата Кент Миклборо, разговарал со земјоделецот Крис Ачтер преку телефон и испратил фотографија од договорот, лененото семе да се испорача во ноември, барајќи од земјоделецот да го утврди договорот преку порака.
Тогаш продавачот Ачтер, испратил „лајк“ симбол, но не го испорачал лененото семе до ноември, по што цената на семињата се зголемила.
Сега, Миклборо и Ачтер се тужат за значењето на симболот. Откупувачот посочува дека претходните договори исто така биле потврдувани преку пораки, сугерирајќи дека симболот испратен од Арчер значи согласување на условите во договорот.
Но, за Ачтер, значењето на симболот е потврда дека го добил договорот преку порака.
Целиот текст на Радио МОФ