Турскиот претседател Ердоган во петок ќе го претстави првиот турски автомобил

- Advertisement -


Турскиот претседател Ердоган изјави дека работат на претставувањето на првиот турски автомобил. Ердоган во обраќањето на затворањето на манифестацијата „Година на професорот Фуат Сезгин“ истакна дека во петок ќе биде свеќено претставен првиот автомобил од турско производство.

Ердоган додаде дека Турција во изминатите 17 години спровела значителни реформи во сите области, а посебно во образованието и дека сите тие реформи сега вродуваат со плодови и Турција ја враќаат на местото кое и припаѓа на меѓународната сцена.

- Advertisement -

„Станавме земја која истовремено работи на 700 проекти во одбранбената индустрија и сме една од четирите најразвиени земји кога станува збор за технологијата за изработка на беспилотни летала. Голема заслуга има и приватниот сектор, кој има голем придонес. Во петок ќе го претставиме и првиот автомобил од турско производство“ најави Ердоган.

Сподели!
- Advertisement -