Македонскиот стрип центар од Велес од 23 до 27.08.2023 ќе биде домаќин на традиционалниот 20 МЕЃУНАРОДЕН СТРИП САЛОН “ВЕЛЕС 2023“-5та СТРИП КОЛОНИЈА.
Изјава на Томе Трајков-програм координатор на СЦМ:
,, Јубилејот на постоењето на најзначајната стрип манифестација во Македонија создаде обврска истиот да се одбележи најрепрезентативно што може и во тоа се успеа .Но , да почнам по ред:
-како традиционален дел од стрип салонот ќе потсетам на мегународниот стрип конкурс, на којшто оваа година најдобар беше стрипот “PIG OUT” на стрип мајсторите: Милорад Вицановиќ –Маза, Аљоша Томиќ и Марко Стојановиќ
-во склоп на овој јубилеј, на 25.08.2023 ќе биде организирана посебна тематска изложба под наслов „20 Г МЕЃУНАРОДЕН СТРИП САЛОН“,со плакати од сите досега организирани стрип салони.
-оваа година посебно ја обележува и финансиската поддршка од страна на Интернационалниот ВИШЕГРАД ФОНД и WESTERN BALKAN FUND ,покрај традиционалната поддршка од страна на Министерството за култура на Македонија и Општина Велес.
Конкретно преку грантот ID#22310015 20th International Comic Showroom Veles 2023 Comic Colony (From V4 with Love)ќе се овозможи престој и промоција(преку специјален каталог и изложба и панел дискусии) на 12 стрип автори од земјите од Вишеград групата : Полска Словачка, Чешка и Унгарија. Финале на нивниот престој ќе претставува потпишувањето на меморандум за соработка со стрип земјите од Западен Балкан, присутни на оваа колонија
Што се однесува до поддршката од страна на WESTERN BALKAN FUND ,преку грант 20th International Comic Showroom Veles 2023 се овозможува пат и престој на 16 стрип автори од : Бар – Црна Гора, Рашка-Србија, Феризај-Косово и делумно Македонија.Тие исто така ќе имаат обврска и можност за размена на искуства и комуникација како и официјална промоција преку изложба и каталог(ПДФ иПечатена верзија) и вмрежување“, завршува Трајков.