Пет начини да ги привлечете миленијалците и генерацијата Z за клиенти

- Advertisement -


До 2029 година 72% од глобалната работа сила ќе сочинуваат миленијалците и генерацијата Z, а нивното заедничко влијание ќе ги трансформира традиционалните начини на работа и ќе ги примора компаниите да се прилагодат или да ризикуваат да исчезнат.

Како клучни актери во современата трговија, минелијалците и генерацијата Z го менуваат начинот на кој купуваме. Тие со леснотија се двиѓат меѓу физичкиот, дигиталниот и виртуелниот свет и очекуваат технологијата да оди во чекор со нив. Тие бараат практичност, персонализација и процес на плаќање кој е рефлексија на нивниот брз живот.

- Advertisement -

51% од миленијалците и 48% од генерацијата Z ќе се откажат од купување ако не е достапен нивниот омилен начин на плаќање, па затоа многу е битно компаниите да понудат повеќе опции за плаќање.

Клучот за освојување на миленијалците и генерацијата Z лежи во усогласување на вашето решение за плаќање со нивните очекувања.

- Advertisement -

Еве пет начини како да ги привлечете миленијалците и генерацијата Z како ваши клиенти:

  1. Разберете го нивниот начин на размислување – како прва дигитална генерација, тие рутиснки вршат трансакции онлајн, запознаени се со 3Д скенерите и SCA постапките (Strong Customer Authentication) и најчесто користат апликации за мобилно банкарство. Тие сакаат слобода на плаќање кога било, каде било и со користење на кој било уред.
  2. Поголема флексибилност и брзина – со растот на онлајн трговијата преку видеоснимки во живо, купувањето со врши со само неколку кликови, а 67% од генерацијата Z веруваат дека автоматизираното плаќање ќе го подобри нивното целосно искуство на купување. Можноста за плаќање преку линк директно на социјалнит емрежи, давање опции за плаќање со картичка и банкарски трансфер во повече валути, како и овозможувањето автоматизирано повторно плаќање се начините на кои копаниите можат да ги привлечат тие купувачи.
  1. Истористете иновации за плаќање за повеќеканална продажба -миленијалците и генерацијата Z го ценат купувањето кое се интегрира со нивните постоечки ERP/POS и порти за плаќање, овозможувајќи им да понудат онлајн, лична консултација и следење со 3D Secure, WhatsApp или веб четување.
  2. Акцент на довербата и безбедноста – споделувањето податоци за картички и други осетливи банкарски податоци на интернет може да предизвика непријатност кај современите купувачи и да го забави процесот на купување. На трговците им е потребно решение за плаќање прилагодено на мобилните уреди кои на купувачите им даваат контрола врз шопингот.
  1. Искористете ги податоците и аналитиката – ефикасното користење на податоци за увид е конкурентска предност. Со усвојување на решенија за плаќање кои нудат плаќање во живо, известување и сеопфатна аналитика, компаниите можат подобро да ги разберат однесувањата на купувачите и преферираните методи на плаќање, овозможувајќи им да донесат одлуки базирани на податоци и да градат трајни сдноси.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -