Со КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП до финансии преку Програмата HORIZON 2020

- Advertisement -

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП во својство на консултантска компанија со докажани резултати во имплементирањето бизнис стратегии, изработка на финансиски анализи и севкупно финансиско инженерство, управувачко сметководство, финансиско известување и контролинг, отсега овозможува финансирање на иновациите на македонските компании преку европски фондови како дел од Програмата HORIZON 2020.

Еден од инструментите на Програмата HORIZON 2020 на Европскиот совет за иновативност е SME Инструментот, кој својот фокус го става на развојот на малите и средни компании кои покажуваат висок потенцијал за креирање сосема нови пазари или за револуционизирање на постоечките.

- Advertisement -


Овој инструмент е замислен да функционира како ‘one stop shop’ за финансирање на иновации и обезбедува кофинансирање на иновативни проекти во износи кои достигнуваат 70% од вредноста на проектот.

Во рамките на овој Проект, КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП ќе ги поддржува компаниите во процесот на целосна подготовка на апликација и проект според барањата на Европската Комисија, при што се преземаат следните активности:

- Advertisement -

– Подготовка на детален бизнис план;
– Подготовка на финансиска анализа;
– Подготовка на ставки за одржливост и заштита на околината;
– Подготовка на ставки за надминување на социјалните предизвици;
– Подготовка на ставки за заштита на интелектуална сопственост;
– Следење на регулативата и стандардите;
– Пополнување на стандардизирани прашалници од финансиерите;
– Поднесување и следење на апликацијата со сите прилози и
– Континуирана комуникација со претставници од Европската комисија.

- Advertisement -

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП ги охрабрува сите мали и средни компании од Македонија кои сакаат да пристапат до финансии преку европски фондови со цел развивање и проширување на нивниот бизнис и разработка на иновација, да ја искористат можноста професионални и искусни консултанти да се погрижат за спроведување на достапниот финансиски инструмент.

Сподели!
- Advertisement -