Научници докажаа дека со електрони од Земјата и Сонцето може да се направи мраз на Месечината

- Advertisement -

Една нова студија покажа дека електрони од Земјата и од Сонцето може да придонесат за создавање мраз на Месечината, иако точниот извор на лунарниот мраз останува непознат. Тие електрони влијаат на Месечината додека влегува и излегува од земјиниот магнетен опаш, регион кој Земјата го остава додека патува низ вселената. Тој магнетен опаш содржи слој на плазма од високо наелектризирани електрони и јони, кои потекнуваат од земјината атмосфера и зрачењето на сончевиот ветар.

Научниците и претходно ја истражуваа улогата на тој регион и поголемта магнетосфера во создавањето на Месечевата вода. Магнетосферата настанува кога земјиното магнетно поле го сврти Сончевиот соларен ветар, што резултира со различни ефекти.

- Advertisement -

Тоа создава еден вид на природна лабораторија за проучување на процесот на формирање вода на површината на Месечината, објаснува планетарниот научник Шуаи Ли од Универзитетот Хаваи во Маној.

Додека научниците очекуваа дека создавањето вода значително ќе се намали кога Месечината е во земјиниот магнетен опаш и заштитен од Сончевиот ветар, аналзиите на далечина го сугерираат токму спротивното. Претходните студии покажаа дека водородните јони од соларните ветришта играат улога во создавањето на водата на Месечината. Меѓутоа, изгледа дека создавањето ан водата настанува дури и во магнетниот опаш на Земјата кога соларните ветришта се минимални.

- Advertisement -

Истражувачите претпоставуваат дека и други фактори, како што се електроните, придонесуваат за тој феномен. Еден од можните механизми вклучува интеракција на високоенергетски електрони со Месечевото тло, ослободувајќи заробен водород, кој потоа може да се комбинира во вода.

Во магнетниот опаш може да постојат дополнителни процеси на формирање или нови извори кои не се директно поврзани со имплантацијата на протони од соларниот ветар. Конкретно, зрачењето на електрони со висока енергија покажува слични ефекти како протоните на соларниот ветар, објаснува Ли. objašnjava Li.

- Advertisement -

Ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се потврдат резултатите од ова истражување, кое е објавено во списанието Nature Astronomy.

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -