Астрономи од Харвард тврдат дека вонземјаните нема да не контактираат уште 3.000 години

- Advertisement -

Во вселената потребно е многу време за да дојдат или да се испратат повици. Потрагата по вонземски живот е возбудлива, но и сложена поради технолошките ограничувања и природата на времето и просторот. Поради тоа строноми од Универзитетот Харвард тврдат дека нашите пораки до вонземјаните може да патуваат до 3.000 години.

Радиосигналите и сите електромагнетни бранови се движат со брзина на светлината, но незамисливото растојание помеѓу Земјата и потенцијално населените вонземски светови значи дека и најоптимистичните ентузијасти се сомневаат дека вонземјаните може да бидат мртви додека стигнат нашите пораки до нив.

- Advertisement -

Астрономите Абрахан Лоеб и Амир Сирај се позанимаваа со таа проблематика и направија пресметка базирана на Коперниковиот принцип, кој вели дека Земјата не одмора во посебна физичка положба во вселената и дека не е стационарна. во науката тоа значи дека не треба да претпоставуваме дека луѓето имаат темелно привилиегирана положба во вселената.

Со сигурност може да се претпостави дека вонземјаните нашите радиосигнали би ги виделе како технолошки маркети и активно ги слушаат. Првиот радиски пренос на Земјата се случи во 1901 година, кога италијанскиот изумител Гиљермо Маркони го направи првиот трансатлантски пренос од Корнвал до Сент Џон во Њуфаундленд. Оттогаш луѓето испраќаат радиосигнали во вселената не размислувајќи за последиците.

- Advertisement -

Тоа значи дека ако постои цивилизација на 100 светлосни години од Земјата со осетливи радиотелескопи, постои можност веќе да не слушчнала и дека веќе сме започнале разговор со интелигентни видови, чиј одговор уште го чекаме. Вонземјаните би можеле да одлучат да ја истражуваат нашата планета детално пред да ни одговорат.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -