Се врати американскиот астронаут кој беше во вселената повеќе од една година

- Advertisement -

Астронаутот Френк Рубио, кој стана рекордер по бројот на денови поминати во континуитет во вселената, поточно на Меѓународната вселенска станица, се врати на Земјата. Тој го собори рекордот за најдолг престој во вселената, а се врати на Земјата после 371 ден.

Од НАСА соопштија дека Френк Рубио го завршил своето рекордно време во вселенсата со слетување со помош на падобран во вселенското летало Soyuz MS-23 во степата во Казахстан.

- Advertisement -

Рубио беше лансиран во вселената со рускиот вселенски брод Sojuz MS-22 на 21 септември 2022 година. Беше планирано екипажот да се врати на Земјата после околу шест месеци, но поради истекување на течност за разладување, нивната вселенска капсула мораше да се врати на Земјата без екипаж во март годинава.

Ново вселенско летало беше испратено да го донесе екипажот дома, но не опред Рубио да го собори рекордот за најдолг престој во вселената. Истражувачите се интересираат за долгорочните ефекти од таквиот престој врз човечкото тело, вклучувајќи го влијанието на микрогравитацијата врз коскената маса.

- Advertisement -

(Al Jazeera Balkans)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -