Апликацијата WhatsApp наскоро на своите корисници ќе им понуди можност за испраќање гласовни пораки кои примателот може да ги слушне само еднаш, а благодарение на оваа опција нема да се грижат дека ќе биде снимена или проследена понатаму.
Станува збор за самоуништувачки пораки кои ќе бидат достапни како опција за корисниците на WhatsApp на уреди кои користат iOS и Android. Оваа нова функција е слична на фотографиите кои исчезнуваат, кои може да се видат само еднаш.
Кога ќе се сними гласовната порака, корисникот ќе го види бројот 1 во кругот. Со допирање на овој број гласовната порака ќе биде ограничена само на едно преслужување. Меѓутоа, ни корисникот кој ја испраќа нема да може да ја преслуша повеќе пати. Исто така, пораката ќе биде изгубена ако примателот го затвори разговорот во текот на преслушувањето на пораката.
Гласовните пораки се се попопуларни, а постои мислење дека во случајот со WhatsApp може да бидат одличен начин за испраќање на пример некаква лозинка, информации за кредитна картичка или едноставно нешто доверливо.
Новата опција моментално се тестира за Android и iOS, но наскоро треба да биде достапна за сите корисници.
(Klix.ba)
(фото: Pixy.org)