НАСА испрати мисија до метален астероид вреден 10 квадрилиони долари

- Advertisement -

Ракетата Falcon Heavy со вселенското летало Psyche беше лансирана од комплексот 39A, во вселенскиот центар на НАСА Кенеди во Флорида. Леталото Psyche ќе патува до истоимениот астероид богат со метали. Астероидот вреди над 10 квадрилиони долари, а целта на мисијата е да го проучи неговиот состав.

Леталото ќе ја тестира и технологијата Deep Space Optical Communications, која служи за ласерска комуникација во длабоката вселена и ќе може да поддржи идни истражувачки мисии со обезбедување поголема пропусност за пренос на податоци од традиционални радиофреквентни комуникации.

- Advertisement -

Мисијата Psycheна човештвото ќе може да му обезбеди нови информации за фрмирањето на планетите додека тестира технологија која може да се користи во идните мисии на НАСА.

До август 2029 година леталото ќе почне да кружи околу астероидот широ 279 км. Ова е единствениот метален астероид кога било истражен од луѓето. Поради високата содржина железо и никел во Psyche, научниците мислат дека тоа може да биде јадро на некоја планета. Целта на леталото е 26-месечно научно истражување.

- Advertisement -

За своето шестгодишно патување до астеоридот Psyche ќе користи соларна електрична пропулзија.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -