Додека во многу делови од светот се градат нови облакодери и се најавуваат нови рекорди на висина, проектот Dragon Tower во Ханој, Виетнам, на компаниите Dewan Architects + Engineers ќе биде најдолгата зграда во светот.
Дизајниран како најдолгата зграда во светот, комплексот Dragon Tower od 700.000 квадратни метри е победник на глобалниот натпревар Global Design & Architecture Design Avards 2022 во категоријата повеќенаменска употреба.
Проектантите саале со оваа зграда да го трансформираат градот. Комплексот од 700.000 квадратни метри ќе се состои од предворје, соби за состаноци и јавни простории, вклучувајќи библиотека, супермаркет, ресторани и центар за учење.
Голем резервоар за вода и зелени тераси се вклучени во проектот за да се зголеми ефикасноста и пристапноста на зградата. Инспирирани од вилинската планина, еден од главните природни феномени во Виетнам, зелените тераси ги поврзуваат комплементарните простории со главните плоштади.
Амбицијата на компанијата Dewan е да создаде најраспространета зграда во светот. Подигнатите делови од „змејот“ ќе содржат одреден број делови кои може да се додадат или да се отстранат. Деловниот простор има внатрешна улица за полесна циркулација на персоналот и автономен одржлив транспорт кој го поврзува метрото со различни сектори и со градскиот метро систем.
Главата на „змејот“ е кула, монументалн симболичен влез за министри, посевни и ценети гости. Тоа, воедно, е и највисоката зграда во оваа област и иконски споменик во градот и во Виетнам.
Проектот ја симболизира богатата историја на Витенма и неговата амбиција за во иднина, со Ханој како центар на култураа и економијата.
(Bizlife)
(фото: Dewan Architects)