Речиси половина од работните места за квалификувани работници во германските компании останале слободни во текот на изминатата година, покажуваат податоците на германската служба за вработување. Потребата од квалификувани работници во оваа држава е најголема во последните десет години.
Работните места за квалификувани работници во 45 отсто од сите компании останаа слободни. Овој процент кај малите компании е 62 отсто, додека кај големите 24 отсто.
Најголем недостиг од квалификувани работници има во градежната индустрија, каде што не беа пополнети речиси две третини од работните места. Токму во градежната индустрија има голема побарувачка за квалификувани работници.
Бројни работни места останаа слободни и во секторот угостителство и сместување. Јавната администрација има најмалку слободни работни места за квалификувани работници.
Пред десет години во Германија беа слободни 28 отсто од работните места за квалификувани работници, пренесува порталот tagesschau.
(Denar.mk)
(фото: Pix4free)