Германскиот производител на спортски автомобили Порше благодарение на поддршката на инвестициските банки стана највредна автомобилска компанија во Европа, престигнувајќи ја бившата матична компанија Фолскваген само седум дена по изгелгување на берзата. Акциите на Порше н апочетокот на неделата паднаа на 81 евро, спуштајчи се под почетните 82,50 евра во иницијалната понуда на кации (ИПО) со која самостојни излезе на берзата пред десетина дена, потсетува Ројтерс.
Во четвртокот цената пак скокна, достигнувајќи 93 евра со што пазарната вредност на ма брендот спортски автомобили достигна 85 милијарди евра. Со тоа Порше го истисна Волксваген од лидерскаат позиција чија што пазарна капитализација изнесува 77,7 милијарди евра. На трето место се најде Мерцедес Бенц со пазарна вредност од 57,2 милијарди евра.
Силен ветер во грб на акциите на Порше дадоа инвестициските банки кои го водеа ИПО со купување на речиси 3,8 милиони акции за 312,8 милиони. Меѓу купувачите е и американската инвестициска банка Bank of America која акциите на Порше ги купи по цена од 81 до 82,50 евра.
Податоците покажуваат дека за четири седмици по иницијалната понуда се искористени една четвртина од вкупно 14,85 милиони екации во вредност од 1,2 милијарди евра, достапни по пат на “greenshoe” опции кои служат како стабилизациска мерка. Ова ИПО на глобалниот пазар го координираа и инвестициската банка Голдман Сакс, JPMorgan и Citi со асистенција на BNP Paribas, Дојче Банк, Morgan Stanley, Santandera, Barclaysa, Societe Generalea и UniCredit.





























