Нов Зеланд забранува телефони на училиште поради криза со писменоста на децата

- Advertisement -

Мобилните телефони ќе бидат забранети во училиштата ширум Нов Зеланд, зиајви премиерот Кристофер Луксон, додека неговата нова влада се обидува да го намали падот на писменоста во земјата.

Училиштата на Нов Зеланд некогаш можеле да се пофалат со одлични резултати по писменост, но нивото на читање и пишување последниве години се паднати до таа мера што некои истражувачи се плашат дека постои сериозна криза во училниците.

- Advertisement -

Истражувачи од новозеландската добротворна организација Educational Hub преудпредија на криза со писменсота уште во 2022 година, кога откриле дека повеќе од една третина од децата на возраст од 15 години во земјата едвај знаат да читаат и да пишуваат.

Премиерот Луксон изјави дека ќе ги забрани телефоните во училиштата во првите 100 дена на функција, усвојувајќи ја политиката која веќе е тестирана со различни резултати во САД, Велика Британија и Франција.

- Advertisement -

Тоа треба да го стопира несериозното однесување и да им помогне на учениците подобро да се фокусираат, вели Луксон.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -