Xiaomi го претстави својот електричен автомобил SU7

- Advertisement -

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi вчера го престави својот прв електричен автомобил и веднаш најави дека сака да стане еден од топ пет производители на автомобили во светот.

Лимузината наречена SU7 е долго очекуван модел, за кој се очекува секамксимално ќе го искористи заедничкиот оперативен систем со популарните телефони.

- Advertisement -

” Напорно работејќи во наредните 15-20 годиние станеме еден од петте најголеми светски производители на автомобили и ќе настојуваме да ја подигнеме целата кинеска автомобилска индустрија” изјави извршниот директор Леу Јун.

SU во името означува “Super Ultra”, што би требало да сугерира дека автомобилот ќе има напредни опции. Претставија пет темелни технологии н кои работеле- е-моторот, нови батерии, автономно возење,паметна кабина и нов начин на обликување на самата каросерија.

- Advertisement -

Така, Xiaomi се пофали со својот мотор HyperEngine, за кој тврдат дека во масовно производство ќе има 21000rpm во верзијата V6, односно 27200rpm во верзијата V8, која треба да се најде во производство до 2025 година.

Батеријата треба да биде дебела само 120 мм и вградена под кабината, а Xiaomi разви и нов начин на изработка на шасијата, која треба да биде потивка, полесна и подолготрајна.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -