Научници планираат да прават бушотина среде вулкан

- Advertisement -

Тим од научници е подготвен за дупчи во вулкан на Исланд. Ова е револуционерна научна иницијатива, а амбициозниот проект го подготвува организацијата Krafla Magma Testbed (KMT). Проектот има за цел да го продлабочи научното рабирање на однесувањето на подземната магма и што ги предизвикува вулканските ерупции. Истовремено, научниците сакаат да ја искористат обилната чиста енергија од вулканот.

Проектот го опишуваат како научна инфраструктура аналогна на низа телескопи, поларна постава, акцелератор на честички или опсерваторија на морското дно. Тимот предвидува истражување и разбирање на досега загонетна средина, која ја сочинува внатрепноста на вулканите.

- Advertisement -

Овој проект се надоврзува на неуспешните обиди од 2000. години. Научниците велат дека можноста да земат примероци од магмата би им дало големо знаење за внатрешноста на Земјата и мерење на температурите таму, што е неистражено подрачје во истражувањето на вулканите.

Проектот е закажан за 2026 година, а ќе треба да надмине бројни предизвици, односно бара развој на еластични дупчалки и сензори способни како ги издрат екстремните услови во магматските комори. Ако се се одвива според планот, научниците предвидуваат правење на друга бушотина во 2028 година за да извлечат ултратопла вода под висок притисок за производство на енергија со турбини.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -