ВИДЕО: Очи со вештачка интелигенција гледаат наместо слепите

- Advertisement -

Пазарувањето е вообичаена активност за многумина од нас, но луѓето со оштетен вид не можат да го прават тоа сами. Тим од истражувачи од Факултетот по информатика при Националниот универзитет во Сингапур го претставија AiSee, преносен уред кој им помага на лицата со оштетен вид да ги “видат” предметите околу себе со помош на вештачка интелигенција.

Луѓето со оштетен вид секојдневно се среќаваат со пречки, посебно со идентификацијата на предмети, која е клучна за едноставно и сложено донесување одлуки. Додека откритијата во вештачката интелигенција драматично ги подобрија можностите за визуелно препознавање, примената на овие напредни технологии во реалниот свет и понатаму се предизвик и склони на грешки.

- Advertisement -

AiSee прв пат е развиен во 2018 година и постапно е надградуваме во период од пет години, а има за цел да ги надмине тие ограничувања со користење на најсовремена технологија. Корисникот едноставно треба да го држи предметот на глава и да ја активира вградената камера за да направи слики од објектот.Со помош на вештачка интелигенција, AiSee ќе го идентификува објектот, а исто така ќе даде повеќе информации кои ќе ги побара корисникот.

AiSee се состои од три клучни компоненти: камера од 13 MP, софтвер Vision Engine кој го фаќа видното поле и единиците за обработка на слики. Откако корисникот ќе направи фотографија од предметот, AiSee користи софистицирани алгоритми базирани на облак за обработка и анализа за идентификација на објекти, а корисникот може да постави низа прашања за да дознае повеќе за предметот,како што можете да погледнете од видеото.

- Advertisement -

AiSee користи напредна технологија за препознавање и обработка на текст и говор и разбирање на кориснички прашања. Со помош на интерактивниот јазичен модел, AiSee се истакнува во интерактивната размена на прашања и одговори, овозможувајќи му на системот точно да разбира и да одговара на кориснички прашања на брз и информативен начин.

За разлика од други слични уреди, AiSee работи какосамостоен систем, кој може да функционира независно, без потреба од дополнителни уреди .

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: AI See)

Сподели!
- Advertisement -