Сора – нов вид вештачка интелигенција што создава видеа по текстуални инструкции

- Advertisement -

Компанијата за вештачка интелигенција OpenAI, најави нова алатка наречена „Сора“ за креирање видеа кои траат до 60 секунди, а се создадени по текстуални инструкции.

Според нивен блогпост, моделот исто така може да создаде видео врз основа на неподвижна слика или да прошири снимки со нов материјал.

- Advertisement -

„Ја учиме вештачката интелигенција да го разбере и симулира физичкиот свет во движење“, велат од OpenAI во врска со „Сора“.

Моментално „Сора“ е достапна само за истражувачи кои ќе работат истата да не биде искористена за злонамерни цели како создавање насилни и порнографски содржини. Иако ограничен пристат имаат само истражувачите и визуелни уметници, извршниот директор Сем Алтман на социјалната мрежа „X“ сподели видео клипови создадени од „Сора“.

- Advertisement -

Видеата имаат и печат со кој се препознава дека се создадени од вештачка интелигенција.

 Освен OpenAI, вакви алатки развиваат и Гугл, Мета, но и стартап компанија за вештачка интелигенција наречена Runaway која гради алатки кои ќе им помогнат на креатори на филмови при создавање видеа.

- Advertisement -

Компанијата дебитираше со генераторот за слики Dall-E во 2021 година и подоцна објави чет-бот кој брзо придоби 100 милиони корисници.

Други компании за вештачка интелигенција дебитираа алатки за генерирање видео, иако тие модели можеа да произведат снимка од само неколку секунди. Гугл и Mета се во процес на развој на генеративни видео алатки, но сеуште ги немаат објавено.

(Meta.mk)

Сподели!
- Advertisement -