Египетските власти потпишаа историски договор со претставници на ОАЕ кој ќе овозможи изградба на нов град со неверојатни 35 милијарди долари. Имено, градот кој ќе се вика Рас ел-Хекма ќе се гради на северозападниот брег на државата и ќе биде нов масивен бизнис и туристички центар на Египет.
„Проектот западно од Александрија ќе го имплементираат компании кои се во сопственост на Абу Даби. Непосредните директни странски инвестици ќе му помгонат на Египет да ја надмине моменталната криза со националната валута“ вели премиерот на Египет, Мостафа Мадбули.
Исто така, нагласи дека се очекува дека инвестициите на ОАЕ во текот на реализацијата на проектот ќе достигнат минимално 150 милијарди долари. Како што истакнаа властите, проектот за новиот град ќе опфати станбени квартови, престижни меѓународни хотели, туристички населби, простори за забава и услужни објекти, како и централен бизнис кварт, кој ќе привлече глобални компании.
„Проектот, исто така, вклучува големо пристаниште за туристички јахти и бродови. Очекуваме дека новиот град ќе привлече 8 милиони туристи во Египет“ вели премиерот.
Египет и емиратите со овој договор се обврзаа да развијат меѓународен аеродром кој треба да се наоѓа јужно од градот.
„Египет ќе добие директно 24 милијарди долари во две рати со вкупен износ на почетната инвестција од 35 милијарди долари. Во меѓувреме, ОАЕ ќе одреди свои 11 милијарди долари странски депозити во Централната банка на Египет. Тој чекор ќе го намали странскиот долг на државата“ заклучува премиерот.
(Bizlife)
(фото: FreeIMG)