Минатата година средношколецот Луис Хуанг го претстави првиот монитор во светот со природно осветлување и почна кампања за крупно финансирање на страницата Indiegogo. Сега неговиот монитор Eazeye Radiant е посготвен за пласирање на пазарот како првиот преносен монитор во светот кој користи трансфлективен LCD или TLCD екран, што значи дека мониторот може да биде осветлен од предната или од задната страна за производство на слика.
Во TLCD екраните природната светлина делува како извор на светлина, а во темните средини LED позадинското осветлување со целосен спектар го осветлува како и обичните монитори. Кога се користи на отворено, директно свртен кон сонцето, Radiant прикажува посветла и повидлива слика од стандардниот монитор. Хуанг вели дека Eazeye користи 70% помалку електрична енергија во споредба со мониторите со слична големина кои имаат максимална светлина за да се добие повидлива слика на екранот.
Слично на e-ink екранот, брзината на освежување на Radiant од 60 fps и 60 Hz значи дека може да биде целосно осветлен однапред. Неговиот екран од 15,6 инчи, кој е осетлив на допир, овозможува да се користи како таблет.
Засега уште не е познато колку ќе чини, но ако сте заинтересирани, можете да се пријавите на овој линк, па ќе добиете детални информации што ќе биде лансиран во продажба.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)