Куќa во Јапонија е изградена со првиот бетон во светот кој апсорбира CO2

- Advertisement -

Куќа во Карузава, град во планините блиску до Токио во Јапонија,беше изградена од првиот бетон во светот кој апсорбира CO2. Куќата се наоѓа покрај пат на иот долг 110 метри, оддалечена 70 минути од Токио. Карузава е едно од најстарите инајпознати јапонски планински одморалишта. Летата таму се благи, околните шуми се прекрасни и содржат велосипедски и пешачки патеки.

Куќата ја дизајнираше јапонското студио Nendo, а нејзините ѕидови се напраени од блокови од CO2-SUICOM,односно еколошки прифатлив бетон кој го чисти СО2 од воздухот.

- Advertisement -

CO2-SUICOM, всушност, е кратенка од CO2-Storage and Utilization for Infrastructure by Concrete Materials, а бетонот е направен со заменување на цементот со индустриски нуспроизвод и додавањематеријал кој гоапсорбира јаглерод диоксидот, што резултира со помала емисија на CO2 во текот на производството.

CO2-SUICOM го направија компаниите Kajima, Chugoku Electric Power Co., Denka и Landes Co. Споре студијата објавена минатата година, производството на цемент и бетон во светот се одговорни за околу 8% од вкупната емисија на СО2. Емисијата на CO2 заснована на енергија од индустријата за цемент во 2020 година била околу 1,2% од вкупната емисија во Јапонија.

- Advertisement -

Затоа, Nendo пронашол решение така што дизајнирал ѕидови од бетонски блокови кои би служеле како мрежи од филтри за воздух. Околу 2.500 се поставени во редови за да се направат пет ѕидови високи три метри. Просторот за живот е дизајниран така да ги пополни празнините, а за секоја просторија да биде приватна, аглите на блоковите се прилагодени за 3 степени. Дизајнот на крај е блокови распоредени во шаблон како градиент.

Црвстината на материјалот CO2-SUICOM е иста како цврстината на пбичниот бетон. За да се направат блокови од еколошки бетон се става бетонот во комори за сушење, па се додава CO2 во комората за да се апсорбира во бетонот и да го зацврсти. Може да се користи CO2 од различни извори. Обичните бетонски блокови емитуваат околу 300 кг CO2 по кубен метар, а CO2-SUICOM може да постигне карбонска неутралност така што CO2 е фиксиран во бетонот и нема да се ослободува.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -