Pegasus e првата 3Д печатена соларна јахта

- Advertisement -

Дизајнерот Џозеф Форакис го претстави концептот за првата 3Д печатена супер соларна јахта, наречена Pegasus. Концептот е за јахта долга 88 метри и има целосно рефлективни т.н. соларни крила, што и овозможува нула емисија на гасови и неограничен досег.

Идејата за оваа футуристичка јахта ја добиле на плажа на островот Куфониси, Грција. Forakis тврди дека биле инспирирани да создадат јахта која е што е можно поблиску до морето и до природата, направена од облаци кои пловат над водата и станува виртуелно невидлива.

- Advertisement -

Желбата за невидливост ги натерала Forakis да развие јахта со нула емисија на гасови која е невидлива и по дизајнот и по штетното влијание врз околината. Forakis и нивниот тим вградиле напредни технологии во јахтата за да постигнат невидени нивоа на одржливост и досег.

Тимот дури планира да користи 3Д роботско печатење за да создаде мрежеста рамка која ќе ја интегрира и школката и структурата на бродот. Резултатот е многу цврста и лесна структура која може да се направи со помалку енергија, помалку материјал, помалку отпад, да зафаќа помалку простор и време споредено со конвенционалните структури, велат од Forakis.

- Advertisement -

Јахтата има метален финиш кој како камелеон се вклопува со боите на водата, а стаклените „крила“ ги рефлектираат облаците и небото. Во центарот на ентериерот има т.н дрво на животот, односно жив споменик на мајката природа и јадро на хидропонска градина која обезбедува свежа вода и го прочистува воздухот.

Pegasus е направен да произведува нула емисија на гасови и има речиси неограничен досег. За поголема моќност на бродот кога сонцето не свети соларната енергија се користи за претворање на морската вода во водород. Водородот потоа се складира во литиум-јонски батерии и да се користи кога најмногу ќе ика потреба.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Forakis)

Сподели!
- Advertisement -