Речиси сите богати Швајцарци своето богатство го наследиле, а не го заработиле

- Advertisement -

Скоро сите Швајцарци го наследиле своето богатство, а само мал дел од нив се збогатиле самостојно, покажува најновата студија. Само 8% од 300 најбогати Швајцарци го стекнале своето богатство сами, покажуваат податоците од студијата објавена денеска од Швајцарскиот институт за економски истражувања. Осум од десет богати Швајцарци го наследиле своето богатство, според истражувањето објавено од весникот Zontagskeitung.

Меѓу најбогатите 90% се мажи, а учеството на жените се намалува. Друго истражување вели дека има голема разлика во висината на наследствата, па така 3/4 од наследниците добиваат не повеќе од 100.000 швајцарски франци, додека само 1,5% од нив наследуваат повеќе од милион франци.

- Advertisement -

Швајцарците се најбогатите луѓе во светот – покажува годишната анализа за имотот на домаќинствата во светот, објавена од банката CrediI Suisse. Секој возрасен Швајцарец во 2022 година поседувал во просек 685.000 американски долари, што вклучува финансиски акции и недвижен имот.

Второто место на листата со најбогати го зазедоа Американците, со просечен имот од 551.000 долари, а потоа следуваат жителите на Хонг Конг, Австралија и Данска.

- Advertisement -

Frankfurter Allgemeine Zeitung ги пренесува овие податоци и наведува дека Швајцарците се три пати побогати од Германците, чиј просечен имот се проценува на 256.000 долари. Економските аналитичари тоа го објаснуваат со фактот дека Швајцарија остана недопрена во двете светски војни, но и со ефикаснiot пензиски систем. Богатството на Швајцарија се одразува и со фактот дека таму живеат 1,1 милион милионери.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -