Девојче од Србија ќе работи на развој и лансирање сателити во Индија

- Advertisement -

Србија се приклучи на меѓународниот проект ShakthiSAT, чија цел е да ги поттикне девојчињата од целиот свет да ја истражуваат вселената и вселенската технологија. Најдобриот кандидат од Србија ќе работи во Индија на развој и лансирање сателити, соопшти денеска Министерството за наука, технолошки развој и иновации.

Проектот ќе го води индискиот стартап Space Kids India, кој, како што соопшти Министерството е познат по своите пионерски активности во дизајнот, изградбата и лансирањето на сателити.

- Advertisement -

За амбасадор на Србија во таа програма беше назначена претседателката на Здружението на астрономи на Србија, Моника Јурковиќ, која ќе биде задолжена за реализација на STEM работилници со девојки од Србија, со цел да им се овозможи подлабоко разбирање на вселенски истражувања и технологии, вклучително и создавање на сателити-коцки – мали коцки со страни не подолги од 10 сантиметри и полесни од два килограми.

„Најдобриот кандидат од Србија ќе добие единствена можност да се приклучи на групата од 108 девојки од различни земји во светот, кои ќе работат во Индија на развој и лансирање на нов сателит, што е значаен чекор за Србија во унапредување на меѓународната соработка во областа на вселенските истражувања, како и во подигање на капацитетот и интересот на младите за науката и технологијата“, се вели во соопштението.

- Advertisement -

Проектот ShakthiSAT има за цел да собере 12.000 девојки од 108 земји за да учествуваат во револуционерни вселенски мисии, поттикнувајќи меѓународна соработка, надминување на границите и културните разлики во име на науката и истражувањето, се вели во соопштението.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -