Крвната група влијае на целокупното здравје. Секоја од нив има свои карактеристики и слабости, но една најотпорна на болести. Тоа е крвната група 0, која се смета за најдолговечна токму поради тоа.
Докажано е дека луѓето со крвна група 0 имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар, како и помали шанси да заболат од одредени видови на рак.
Крвната група 0 содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, вклучувајќи срцев удар и мозочен удар предизвикан од згрутчување на крвта. Отпорот на најопасните болести значи поголема шанса за долг живот.
„Се чини очигледно дека избегнувањето на болеста е дел од стратегијата за долг живот. Но, постои верување дека кај стогодишниците се се должи на гените против стареење“, изјави Стјуарт Ким, професор по биологија и генетика на Универзитетот Стенфорд, презентирајќи ги резултатите од истражувањето на неговиот тим пред неколку години.
Во потрага по тајната на долговечноста, тие ги истражувале гените на 800 стогодишници и 5.400 90-годишници и откриле дека варијациите во четири гени се многу важни за брзината на стареењето: CDKN2B – кој игра важна улога во клеточната делба, ABO – што се однесува на типот на крвната група, АПОЕ – кој влијае на склоноста на организмот за развој на Алцхајмерова болест и SH2B3 – кој го продолжува животниот век на луѓето.
Како што објаснија, откриле дека одредени варијации на гени се јавуваат почесто кај луѓето кои живеат до стотина година, а кога станува збор за крвната група – таа била 0.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Flickr)
(фото: )