ВИДЕО: Lanmodo е првиот чадор за автомобил во светот

- Advertisement -

Lanmodo Car Tent е првиот шатор/чадор за автомобил во светот. Се поставува многу лесно со помош на далечински управувач. За да се затвори или отвори потребни се само 8 секунди, додека целиот процес на инсталација трае само 30 секунди. Кога ќе се наполнат батериите, може да работи до 45 дена, а во текот на целиот животен век прекинувачот за отворање/затворање може да се искористи 10.000 пати.

Шаторот го штити автомобилот од повеќе работи – предмети кои паѓаат одозгора, од снег, од силен дожд, од измет од птици, од прашина, од кисел дожд итн., а може да издржи и ветришта силни до 48 км/ч.

- Advertisement -

Благодарение на џиновскиот чадор, температурата на автомобилот при најголемите горештини ќе биде пониска за 36 степени, а ќе обезбеди сенка за автомобилот каде и да се паркирате. Не мора да се грижите ни дека некој ќе ви го украде чадорот затоа што има посебен појас кој не може да се пресече и го штити од крадци.

Најдоброто од се е што одговара на секаков тип автомобил: седан, пикап, теренец, џип, мини, па дури и за возила со 4 тркала за на плажа. Базиран на чадорите кои се за плажа, овој шатор за автомобил може да се претвори и во прекрасна „куќа“ за на плажа или за кампување.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -