За половина година Русите дале 85 милиони евра за недвижности во Србија

- Advertisement -


Руските граѓани се повеќе купуваат станови во Србија, а продажбата годинава е зголемена за 10%, пренесува Blооmberg Adria. Вкупната вредност на становите што Русите ги купиле во првите два квартали е 85 милиони евра, од кои половината се купени во Белград. Русите се одлучуваат за Војводина, главно за Нови Сад и Суботица.

Раководителката на Одделот за проценка на недвижности на Републичкиот геодетски институт, Ивана Штрбац, зборувајќи за странските државјани, рече дека при купувањето станови и воопшто при купувањето недвижности кај нас, руските граѓани предничат, а овој тренд продолжува од минатата година, кога руските граѓани почнаа да купуваат недвижен имот.

- Advertisement -

„Значи, во последните два квартали дури имаше забележителен пораст на бројот на руски граѓани кои купуваат недвижен имот за повеќе од 10%. Но, парите, односно вкупниот промет е нешто помал од истиот период лани, а во првите два квартали вложиле вкупно 85 милиони евра во недвижен имот во Србија. Она што е многу интересно е дека регионот на Војводина им е особено привлечен, а тука се издвојуваат градовите Нови Сад и Суботица, каде што голем број од нив, дури половината, одлучуваат да купат недвижен имот“, изјави таа за Bloomberg Adria.

Тaa додава дека Белград е секако интересен и таму се купуваат голем број станови.

- Advertisement -

„Нивната вредност е многу поголема, така што половина од парите што руските граѓани ги вложуваат во недвижности одат за градот Белград. Најмногу купуваат станови, куќи, а потоа гаражи“, вели Штрбац.

Две и пол просечни нето плати во Србија се потребни за да се купи квадрат стандебн простор, кој во Белград во новоградба достигна просечно 2.000 евра, а се движи до 6.000-7.000 евра во зависност од локацијата.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -