Научници открија неочекувани предности на свирењето клавир

- Advertisement -

Нова студија која ја спроведоа научници од Универзитетот Бат укажуваат мна позитивните ефекти од свирењето клавир врз способноста на мозокот да обработува слики и звуци. Тие покажаа дека свирењето клавир може да придонесе за намалување на лошото расположение, тешкотии, стрес и депресија.

Истражувачите од Универзитетот Бат ги следеле почетниците кои оделе на часови по клавир само 1 час неделно во период од 11 недели. Испитаниците пријавиле значително подобрување на препознавањето аудиовизуелни промени во околината, како и наналено чувство на тешкотии, стрес и депресеија.

- Advertisement -

Индивидуалните инструкции вклучувале 20 минути вежби за прсти, после што следувало свирење музички делови од список со лекции за прво одделение музичка школа, насока клавир, во времетраење од 40 минути.

Резултатите од студијата, објавени во списанието Nature Scientific Reports, покажале дека луѓето кои учеле да свират клавир ја подобриле способноста за обработка на мултисензорни информации – вид и звук, а после вежбите биле и помалку анксиозни.

- Advertisement -

Отприлика знаеме дека свирењето и слушањето музика може да донесе радост во нашите животи, но со оваа студија сакавме да ги видиме директните ефекти врз нашите когнитивни спосбности кои може да ги има краткотрајното учење музика., вели д-р Карин Петрини, професорка на Катедрата за психологија на Универзитетот Бат.

Учењето да се свири инструмент како клавир е сложена задача. Од музичарот се бара да знае да чита партитура, да генерира движења и да ги следи слушните и тактилните повратни информации за да продолжи со понатамошни активности. Бо научна смисла, процесот ги поврзува визуелните со слушните елементи и резултира со мутисензорски тренинг, појаснува д-р Петрини.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -