Експерти откриваат на кои места е најдобро да седите во случај на авионска несреќа

- Advertisement -

Авионот е еден од најбезбедните начини на транспорт, а шансите некој да погине во авионска несреќа се 1:11.000.000, но она што е помалку познато е деа шансите за преживување авионска несреќа зависат и од местото на седење во авион.

Австралискииот експерт за воздухопловство и професор на Универзитетот Централен Квинследн, Даг Друри, открива дека има стапка на смртност од 44% за патниците кои седат на внатрешните седишта во средината на авионот, додека таа стапка е 28% за седиштата на средината на задниот дел.

- Advertisement -

Друри вели дека внатрешните седишта на средината не се заштитени од едната страна, па пат иците веројатно ќе бидат погодени од некој скршен дел од авионот. Патниците кои не можат да ги добијат најбезбедните седишта можеби ќе имаат повеќе шанси за преживување ако седат на средината на авионот на седиштата крај прозорец.

Сепак, шансите да погинете во авионска несреќа помалку зависат од тоа каде седите, а повеќе од околностите на падот, вели Друри. Истовремено, уверува дека патувањето со авион е најбезбедно средство за превоз. Но, со оглед на тоа дека авионските несреќи сепак се случуваат, Друри открива кое е најдоброто и најлошото место за седење во авион.

- Advertisement -

За пример го користи летот 323 на United, кој во 1989 година се сруши во Сијукс Сити во Ајова. Во таа несреќа 184 од 269 патници преживеале, а најголем дел од нив седеле зад првата класа.

Истражувањето на магазинот Time, кое траело 35 години, покажа дека во седиштата од задната третина од авионот имало 32% смртни случаи, во споредба со 39% во централната третина и 38% во предната третина. Според студијата на Универзитетот Гринвич, преживеаните во авионската несреќа кои седат блиску до излезот во случај на опасност имале можност побрзо да излезат од авион, поради што е поверојатно дека ќе се оддалечат од самото место на несреќата.

- Advertisement -

Научниците откриле дека седиштата до петтиот ред од излезот имаат поголема шанса за бегање во случај на пожар. Меѓутоа, која седите на шестиот или седмиот ред од излезот или уште повнатре во авионот, шансите да погинете се поголеми отколку да преживеете, велат научнциите.

Научниците ги базирале резултатите на анкети кои ги анправиле со 2.000 преживеани од 105 авионски несреќи ширум светот.

Кога станува збор за пожар во авион, патниците кои седат на внатрешните седишта имаат маргинално поголеми шанси за преживување од 65% наспрема тие што седат во седиштата крај прозорец. Патниците во предниот дел на авионот, пак, имаат 65% шанси да избегаат од пожарот, додека тие на задната страна имаат 53% шанси.

Сите авиони мора да поминат тестови во кои мора да се испразнат за 90 секунди, но експертитр велат дека експерименталните ситуации не ги земаат предвид врските меѓу патниците, односно тоа дека родителите им помагаат на децата за избегаат први. Излезите од авион може да бидат неупотребливи или блокирани, а некои членови од екипажот може и сами да погинат во несреќата.

(Daily Mail)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -