Ален Адиловиќ: Како Green Land го менува еколошкиот пејзаж со третман на моторни и отпадни масла?

- Advertisement -

Соочени со еколошките предизвици на современото општество, некои бизниси избираат да сторат повеќе од само да следат трендови — тие создаваат нови патишта. Ален Адиловиќ, генерален директор на Green Land, е токму еден од тие лидери. Green Land започна како визија за иднина во која отпадните моторни масла не се закана за животната средина, туку ресурс што може да се рециклира и повторно да се искористи. Во ова интервју, Ален го споделува патот од инспирацијата до реализацијата на еколошки решенија кои имаат за цел да направат значајна промена. Од првите чекори, до соработката со индустриски партнери и иновациите што Green Land ги воведува, ова е приказната за една компанија која не само што создава подобра иднина, туку веќе ја живее.

Green Land е лиценциран колективен постапувач за управување со моторни и отпадни масла, и активно се ангажира во промовирање на одржливи решенија за заштита на животната средина. Ален ќе ни раскаже за почетоците на компанијата, предизвиците со кои се соочуваат и клучните еколошки иновации кои ги имплементираат за подобра иднина во Македонија. 

- Advertisement -

новинарка | Љубица Ангелкова

фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

- Advertisement -

Можете ли да ни кажете за инспирацијата зад основањето на Green Land и како сето тоа започна?

Од правен аспект, како колективен постапувач се формиравме врз основа на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебнитетекови на отпад („Сл. Весник на РСМ“ бр. 215/2021), Законот за управување со отпадот („Сл. Весник на РСМ“ бр. 216/2021) и Законот за управување со дополнителни тековина отпад („Сл. Весник на РСМ бр. 216/2021“), донесени од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање, а кои се однесуваат на пуштање во промет, употреба и третман на посебни видови на отпад кои се вобкорелација со ЕУ директивите, при што во име и за сметка на производителите ќе ги исполнуваме обврските произлезени од законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад-масла.

- Advertisement -

Дополнително, инспирацијата за основањето на Грин Ленд како колективен постапувач за моторни масла и отпадни моторни масла се еколошките предизвици како да се заштити и унапреди животната средина, со цел да се направи разлика во индустријата и да се понуди алтернатива која е еколошки одржлива. Генерално, индустриски тепромени и растечката потреба за одржливост и квалитет кој ќе го намали негативниот ефект со истражување на нови технологии за рециклирање на отпадните масла и други еколошки одговорни методи за производство и користење на моторните масла, во функција на заштитата на животната средина, вклучувајќи ги сите нејзини медиуми – заштита на почвата, водите воздухот и биодиверзитетот.

Што ве мотивираше да се фокусирате на еколошки решенија за управување на масла и отпадни масла и зошто мислите дека тоа е важно за Македонија?

Отпадните моторни масла и нивното рециклирање играат значајна улога во одржливото управување со ресурсите и заштитата на животната средина, поттикнување на принципите на циркуларна економија и креирање на нови зелени работни места.

Во моментов нашата земја е далеку од идеалниот процес како би требал да изгледа кога станува збор за правилноу правување на отпадните моторни масла. Иако секаде во светот, па дури и на Балканот, ова веќе е далеку познат процес, кај нас, за жал, сè уште е доста непознато поле кое што бара многу работа, а пред сè и едукација за тоа како правилно да го третираат овој опасен отпад, односно моторното масло.

Green Land е лиценцирана компанија – колективен постапувач за посебен тек на отпад – конкретно еко решенија за масла. Можете ли да објасните што значи ова?

Колективниот постапувач Грин Ленд Груп ДОО Скопје спроведува директна и непосредна соработка со увозници, односно производители на моторни масла кои се пуштаат во промет, понатаму економски оператори кои ги генерираат отпадните моторни масла (сервиси за моторни возила) и транспортни компании кои вршат транспорт на отпадни опасни материи сѐ до краен прифаќач-рециклатор на отпадното масло, сѐ со цел да се исполнат бараните еколошки и одржливи цели кои ќе придонесат до целосна заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќиги и сите медиуми на животната средина.

Вашиот слоган е „Save your land, save your future“. Како овој слоган ја одразува мисијата и визијата на Green Land?

Главната порака што сакаме да ја испратиме преку нашиот слоган е тоа дека секое наше дело во моментов се одразува на иднината, нам ни останува да одлучиме дали тоа што ќе го направиме ќе има позитивен или негативен ефект. Главната мисија на Грин Ленд Груп се заснова на заштита и унапредување на животната средина и животот на граѓаните, преку почитување на европските и националните стандарди за управување со посебните текови на отпад, преку користење на најдобрите практики како и континуирана одржливост на системот на управување се со цел навремено и непречено исполнување на обврските на сите чинители во системот.

Кои се некои од клучните еколошки иновации и технологии кои Green Land ги имплементира?

Прво, покрај заштитата на животната средина како главен наш фокус е правилно третирање на отпадното моторно масло. Со градење на ефикасен систем за собирање на отпадни моторни масла врз база на податоците од веќе увезената количина и генерирањето на отпадно моторно масло на нашите фирми членки, во договор со нив во моментов се обновуваат нивните веќе стари садови за собирање на отпадните моторни масла и се заменуваат со нови целосно финансирани од наша страна, со специјална непропустлива подлога која не дозволува ниту една капка од ова веќе искористено масло да заврши на подот кој се поставени на посебно обележани места во нивните објекти. При исполнување на количината на садовите, лиценцирана транспортната компанија ја подига количината на отпадно моторно масло, кое понатаму е на пат да добие втора шанса, всушност во понатамошен процес на рециклирање за да се добие нов производ на моторно масло.

Можете ли да споделите некои успешни приказни или студии на случај каде што решенијата на Green Land имаат значително влијание?

Успешно одржаните состаноци со сите фирми-членки во нашиот колективен постапувач и нивната едукација која што ја обезбедуваме за нивното постапување, бидејќи да не заборавиме тие се клучната алка која е дирекно вклучена во целиот процес на генерирање на маслото кое подоцна станува отпадно. Можеме да истакнеме дека соработуваме со повеќе од 45 компании на територијата на целата држава и собраните количина на отпадно моторно масла со повеќе од 60% од досега увезеното од нашите клиенти на годишнониво. Исто така, би сакал да потенцирам дека сè уште сме на почеток на оваа зелена и одржлива приказна со искрена надеж овие бројки ќе имаат тенденција на зголемување.

Со какви предизвици се соочивте при промовирањето и имплементирањето на еколошки решенија за отпадното масло во Македонија?

Идентификувањето на слабости на пазарот е важен процес кој овозможува да се препознаат областите за подобрувањеи да се предвидат потенцијални предизвици. Покрај недостатокот од организиран и ефикасен систем на собирање на масла (отпадни), се повеќе од сигурно дека собраната количина не е соодветно третирана односно рециклирана, кое доведува до несоодветно складирање и несоодветна употреба и неконтролирано испуштање на овој опасен отпад.

Односно, недоволната контрола врз овој тек на отпад резултира со неорганизирано користење на отпадното моторно масло во неконтролирани средини, најчесто како гориво за греење на домовите, објекти или неконтролирано испуштање, што придонесува кон оптоварување на животната средина и влијаат врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето. Според податоците добиени од Министерство животна средина и просторно планирање, во 2022 година се увезениоколу 13.000 t масла кои се пласирани на пазарот на национално ниво, а многу мал дел од ова масло е правилно истретирано т.е. рециклирано.

Како ја гледате иднината на еколошки индустриски решенија што се развиваат во Македонија и на глобално ниво?

Еколошки индустриските и одржливи бизнис иновации се иднината во светот. Како што споменав, секаде во светот рециклирањето почнувајќи од наједноставните суровини па сѐ до оние најкомплексните е пракса последниве неколку децении. Иако Македонија е на почеток, просторот за работа е огромен. Треба да се вложат огромни напори ако сакаме да бидеме напредни како некоја од западните земји. За да го постигнеме ова, клучен фактор во моментов е едукацијата на населението и тоа почнувајќи од најрана возраст.

Како Green Land ја едуцира и ангажира заедницата и другите бизниси за важноста на еколошките индустриски практики?

Покрај активната едукација на нашите членки, дојдовме до заклучок дека тоа е само првиот чекор за подигање на свеста кај населението. За таа цел, активно споделуваме едукативни содржини на нашите социјални медиуми и бараме разни начини како да допреме до што поголем бројна луѓе кои би сакале да придонесат на каков било начин. Во таа насока, од неодамна склучивме меморандум за соработка со средното стручно училиште на град Скопје АСУЦ “Боро Петрушевски”. Активно учествуваме во нивната програма и со заеднички сили се обидуваме да ја подигнеме свеста кај младите. Во изминатиов период бевме спонзори на детска трка во Битола, под наслов „МИНИ ТРЧАЈ БЕ“ на која учесници беа деца од 4 до 12 години. Спремаме уште доста интересни соработки, засладете нѐ на нашите социјалните медиуми и очекувајте уште многу иновативни настани.

Каква улога мислите дека имаат владините политикии регулативи во усвојувањето на одржливи практики во индустријата?

Сметам дека владините политики и регулативи во усвојувањето на одржливи практики во индустријата играат главна улога во овој период додека системот сè уште се имплементира. Самиот систем и самите членки, а и другите колективни постапувачи по самата имплементација на целиот систем мора да останат доследни и искрени ако сакаат сите заедно да направиме нешто подобро за нас и нашата иднина. Владините мерки и казни стапуваат на сила во оној момент за оној чинител од синџирот кога некој одбчекорите нема да биде запазен или исполнет во целост. Сѐ уште е рано да се зборува но верувам дека ова ќе биде систем со кој идните генерации ќе се гордеат и ќе споменам една мудра мисла од Винстон Черчил која гласи „Успехот не е конечен, неуспехот не е фатален: храброста да се продолжи е важна“.

Кои се вашите долгорочни цели за Green Land, и кои чекори преземате за да ги постигнете?

Знаете како, без нашите фирми-членки ние нема да постоиме, па така одржувањето на одлична соработка досега нѐ мотивира да продолжиме понатаму. Зголемувањето на фирмите кои членуваат во нашиот колективен постапувач и ќе бидат дел од нашиот одличен тим, е еден од клучните фактори во нашата стратегија. Рамо до рамо со оваа цел оди и едукацијата на што поголем број на луѓе и подигање на јавната свет на истите. Преку организирање на едукативни настани и резултатите постигнати од истите, можеме да го мериме нашето влијание и ефикасноста на реализираните настани. Ние како тим си задаваме задача да допреме до што поголема публика да слушне за што се залагаме и да ја заштитиме животната средина од опасни отпади. Преку учество во разни панел дискусии, презентации и работилници, секојдневно работиме напорно за да ја развиеме нашата мрежа, за поефикасно да им покажеме накој начин придонесуваме за заштитата на животната средина, а со самото тоа и полесно и посвесно работење во иднина.

Како поединците и бизнисите можат да придонесат во мисијата за „спасување на земјата и спасување набиднината“?

Секоја единка, без разлика дали станува збор за поединец или дел од некој бизнис, при самиот покажан интерес за оваа тема на некој начин веќе има придонесено кон спасување на земјата а со тоа и на нашата иднина. Едукацијата на граѓаните како клучен фактор во овој период игра главна улога бидејќи секој оној кој ќе покаже интерес веќе е свесен за потребата од правилно отстранување на отпадните масла. Поединците можат да придонесат таканшто ќе едуцираат некој близок кој е во контакт со масла (најчесто автомеханичарски салони или сервиси за коли) а бизнисите (најчесто увозници кој пуштање на маркетот моторни масла) како веќе искористеното масло, т.е. отпаднобмасло заврши на правото место. Со своите потрошувачки одлуки, секој од нас може да учествува врз влијанието на животната средина. Рециклирање, намалувањето набпотрошувачката и отпадот, штедење на енергија се некои од основите начините со кои поединците можат да го намалат својот еколошки отпечаток. Поединците преку активно вклучување во локалната заедница можат да придонесат кон креирање на одржливиот за заштита во околината во која живеат. Сопствениците на мали бизниси можат да инвестираат во развој на технологии и процеси кои гиннамалуваат емисиите на јаглерод, ги заштитуваат природните ресурси и ја намалуваат влијателноста на нивната операција врз околната средина. Строги еколошки стандарди и правила за одржливост во сите аспекти на нивната работа може значително да го намали еколошкиот отпечаток на овие мали бизниси. Преку овие напори и поединците и бизнисите можат значително да придонесат во мисијата за спасување на земјата и иднината, креирајќибпрактики и поттикнувајќи одржлив раст и развој.

Дали има некои претстојни проекти или иницијативи за кои Green Land е посебно фокусирана сега?

Во моментов со особено задоволство можам да ви ја најавам соработката со Сојузот на извидници, на којабшто смебособено горди. Преку нивните проекти како Боренка ќебиспратиме јасна порака за нашето постоење. Како што напомнав, фокусот на нашата едукација во моментов се децата од најрана возраст, па така оваа соработка со извидниците ни е од огромна важност и ни е посебно драга. Други детали не би сакал да споделувам во моментов, но сакам да најавам дека следниов период од нас ќе можат да се очекуваат и слични вакви други соработки од едукативен карактер исполнети со интересни и иновативни настани не само за најмладите, туку за сите возрасти. Секако, во секое време сме отворени за каков било вид на соработка на проекти кои се сконцентрирани на заштитата на животната средина.

Каков совет би им дале на другите претприемачи коибсакаат да започнат еколошки бизнис?

Би ги советувал што побрзо да почнат, бидејќи тоа е иднината. На почетокот секогаш е тешко и никој не вели дека целиот овој пат ќе биде лесен, но главната цел е таа којашто треба да претставува еден вид ѕвезда водилка низ целиот процес. Секој од нас сака да живее подобро утре, а сите ние можеме да придонесеме за тоа да стане реалност.

Како го мерите влијанието врз животната средина на решенијата на Green Land и дали може да споделите некои од позитивните резултати постигнати досега?

Деловните соработки кои ги имаме остварено досега и успешно организираните настани се показател за нашата досегашна работа. Поддршката од заедницата и позитивните коментари кои доаѓаат не само од нашите фирми членки, доаѓаат и од загрижени граѓани за животната средина за добрата работа се мотив плус и доволен показател дека сме на вистинскиот пат. Борбата, не само за правилно третирање на отпадното моторно масло, туку и за секаков вид на отпад, не е трка во која ќе има победничка страна, туку е маратон во којшто сите сме заедно.

Сподели!
- Advertisement -