Сите идеи, правилно насочени и навреме поддржани, стануваат успешни бизнис приказни!

- Advertisement -

Ова е супер инспиративна приказна за локални, мали бизниси кои освен пасијата за успех на нивните основачи имаат уште една заедничка работа – банка која го следи нивниот раст и развој, банка која верува во нив – Прокредит банка

Три различни мали локални бизниси во три различни индустрии, но од друга страна, и три приказни многу слични според својата визија, идеја, мотивација и желба. Yova е македонски моден бренд со етичка мисија кој се фокусира на минималистички дизајн, рачна изработка и одржливо производство. АТГ е фитнес центар со фокус на развој на здрави животни навики кај граѓаните, како и на специфични состојби како повреди или други медицински состојби. „Ла Крем“ е пример за успешен бизнис во Македонија, бренд кој докажува дека сите идеи, кога се правилно насочени, можат да прераснат во позитивни приказни.

Овие три компании се примери како посветената работа и упорноста, заедно со добрата бизнис идеја и вистинското партнерство, секогаш го наоѓаат вистинскиот пат од стартап до успешен бизнис. Нивните задоволни клиенти се доказ дека, иако основањето стартап е голем предизвик, не само кај нас туку и секаде во светот, а пробивањето на пазарот бара макотрпна работа, од друга страна сето тоа значи и голема награда за секој вложен труд.

- Advertisement -

Натали Ристовска, основачка на брендот Yova, приказната ја започнува со идеја за спојување на традиционалните занаети со современиот дизајн, процес во кој се создаваат уникатни производи препознаени и на глобално ниво. За Yova, одржливоста не е само поим, туку комплетна филозофија на производство. Тие подеднакво ја негуваат љубовта кон природата, животните и луѓето. Брендот обрнува внимание на секој чекор од животниот циклус на производот и за секој кој е вклучен во него.

Внимаваме материјалите кои ги користиме да доаѓаат од проверени сертифицирани извори и да не се од животинско потекло, потоа се грижиме условите во кои е направен нашиот производ да бидат фер за сите вклучени во процесот, се грижиме да користиме зелени програми за транспорт, и секако битно ни е да знаеме што ќе се случи со нашиот производ кога тој веќе нема да биде во употреба“, вели Ристовска и додава дека производите на Yova кога ќе се стават во земја се разградуваат за 12 недели без користење на никакви хемикалии. 

- Advertisement -

Во 2024 година, Yova ја лансираше својата прва колекција со 24 производи кои беа претставени во Словенија, Милано, Париз и Њујорк и стана дел од најголемата платформа за големопродажба, Faire, а од оваа година производите ќе можат да се купат и во физички мултибренд продавници во САД.  

Ристовска, од своето искуство во креирањето успешен бренд, вели дека идните претприемачи мора да го истражуваат пазарот и да разговараат со потенцијалните клиенти за нивните потреби, да го тестираат и подобруваат продуктот, но и да создадат силен тим и партнерства и да не се откажуваат дури и кога е најтешко.

- Advertisement -

Приказната на „Ла Крем“ започнува во 2014 година, а главната цел и мисија на сопственикот Мартин Дуридански уште од почеток била производство на високо квалитетни торти и колачи кои ќе станат препознатлив бренд на пазарот. Тој сакал да ги оживее семејните рецепти на мајка си и баба си, а вкусовите од детството да ги преточи во модерен бизнис.

Се соочив со предизвик како идејата да ја претворам во нешто уникатно и препознатливо, а љубовта и пасијата да допре до вистинските љубители на слатки. Како и секоја нова компанија бевме исправени пред многу препреки, а најголем предизвик беше производствениот процес да се издигне на високо ниво. Тоа го постигнавме со постојани инвестиции во производствените капацитети, но и во нашите вработени кои се најзаслужни за нашиот успех. Најголема водилка и мотив во оваа приказна ни се нашите клиенти, кои повеќе од десет години го препознаваат домашниот квалитет и препознатлив вкус на нашите слатки“, вели Дуридански.

Тој споделува три совети за оние кои размислуваат да започнат сопствен стартап. Да планираат детално, бидејќи добриот бизнис план и финансиската анализа се основата на секој успешен бизнис, да бидат истрајни и со доволно страст и посветеност да ги надминат сите предизвици на патот и најважно од сè, да бараат поддршка. 

Низ целиот процес, ПроКредит Банка не беше само банка за мене, беше вистински партнер кој ми помогна да одам напред. Покрај финансиска поддршка, ми обезбеди и стручни консултации, настани и вмрежувања, како и насоки кои помогнаа да го развијам мојот бизнис. Приказната на „Ла Крем“ е пример дека успехот е можен дури и во предизвикувачка средина како што е македонскиот пазар со добра идеја, детално планирање, фокус на квалитетот и поддршка од сигурен партнер“, вели Дуридански.

Тој вели дека идејата е во наредните години „Ла Крем“ да покрие што поголем дел од пазарот со торти и колачи во државата и да го зголеми своето портфолио на производи спрема потребите на нашиот пазар. Дополнително, во план е и отварање на програма за слаткари, како еден тип на темелна обука за сите нови членови на тимот на Ла Крем, кои ќе треба да се запознаат детално со процесот на работа.

Иван Трпчевски, сопственик на фитнес центарот АТГ вели дека страста кон физичката активност, кон спортот и здравите навики се главниот мотив да стартуваат ваков бизнис. Целта им била да создадат нешто корисно за целата заедница, здрав телесен баланс и активен живот без повреди.

На почетокот предизвик беше речиси сѐ, планирањето, поставувањето основа и финансирањето, се до диференцирањето на пазарот. Но, сѐ е многу полесно кога ќе добиете вистинска поддршка во вистинско време, како што тоа го направи ПроКредит Банка за нас преку програмата за млади претприемачи, во соработка со ЕБОР. Денеска ATG е стабилен бизнис, со своја нова, унапредена фитнес сала. Свесни сме за сѐ што имаме направено и за сѐ она што ни следи, и трасираме извесна и здрава иднина за сите рекреативци, спортисти и граѓани“, вели Трпчевски и го советува новите претприемачи да веруваат во својата бизнис идеја, без разлика дали е уникатна или не, и да работат со страст кон нејзино остварување.

Смета дека треба да се слушаат поискусните и професионалците од кои секогаш ќе има нешто ново да се научи, но и дека треба да се цени постигнатото и да се прославува секој успех.

Сите три компании имаат една заедничка точка, успешната соработка со ПроКредит Банка. Со својот стартап пакет, кој е дизајниран за сите нови бизниси и го олеснува начинот на кој се управува со финансиите, ПроКредит Банка нуди решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат стартапите. Една од главните придобивки на стартап пакетот е целосно бесплатно одржување на сметката за првите две години од основање на компанијата, кога корисникот ќе може да врши неограничен број на трансакции во земјата со нула денари надоместок.

Значајна продобивка е и личниот Советник за бизнис клиенти кој нуди поддршка за да осигура дека компанијата ќе донесе информирани финансиски одлуки кои ќе доведат до раст и развој на бизнисот.

ПроКредит Банка нуди многу повеќе од финансиски услуги за овие новоосновани компании – таа е вистински партнер во нивниот развој. Активно ја поддржува стартап заедницата преку нефинансиски услуги, како што се менторство, едукативни сесии и настани насочени кон градење претприемачки вештини. Оваа поддршка им овозможува на младите компании полесно да ги совладаат предизвиците и побрзо да напредуваат.

Сподели!
- Advertisement -