Нов повик на Сеавус Aкцелераторот за поддршка на стартап бизниси

- Advertisement -

Со нова подобрена и унапредена акцелераторска програма, отворен е вториот повик на Сеавус Акцелераторот наменет за стратап бизнисите од Македонија.

 
Сеавус Акцелераторот е проект поддржан од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, каде оваа година во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (European Fund for Southeast Europe – EFSE) и Startup Wise Guys – водечки B2B стaрт-ап акцелератор во Европа, ги повикуваат сите иновативнo технолошки ориентирани стартап бизниси да аплицираат за менторска и финансиска поддршка најдоцна до 18 февруари оваа година.

- Advertisement -


„Новата декада ја започнуваме со унапредена акцелераторска програма. За прв пат, одбраните стартапи ќе посетуваат 8-неделна интензивна онлајн програма под менторство на Startup Wise Guys, каде ќе имаат можност преку „еден на еден“ сесии да ја искористат нивната мрежа на ментори од целиот свет. По завршување на оваа онлајн менторска програма, следува тридневен Bootcamp во Скопје организиран од Startup Wise Guys и Сеавус Акцелераторот“ велат од Сеавус Акцелераторот.

Во вториот дел, ќе следи Tailor-made или програма скроена за секој стартап поединечно и можност за финансиска поддршка на стартапите. Избраните стартапи ќе можат да ги претставаат своите бизнис модели и концепти на  PODIM – Конференцијаза стартап бизниси во Словенија и нашиот ДЕМО ДЕН пред инвестицискиот одбор на Сеавус за инвестиции од 30 до 100 илјади евра.“

- Advertisement -

Сите информации поврзани со критериумите за аплицирање, како и апликациската форма можете да ги пронајдете на веб страницата на Сеавус Акцелератор: www.seavusaccelerator.com

Сподели!
- Advertisement -