Одлично издание на Саем на мебел 2025 со 15.000 посетители

- Advertisement -

Годинешниот Саем на мебел, кој се одржа од 26 до 30 март во Арена Борис Трајковски, привлече бројни посетители – над 15.000 љубители на дизајнот, ентериерот и иновациите имаа можност да ги откријат најновите трендови во уредувањето на домот.

Во одлична атмосфера, посетителите можеа можеа да ја истражат богатата понуда во четири тематски зонидвор и градина, аксесоари за домот и осветлување, мебел и внатрешен дизајн и рачни изработки и пратечка индустрија

- Advertisement -

Саемот на мебел, секоја година претставува уживање за сите љубители на дизајнот и внатрешното уредување, додека посетителите оваа година можеа во релаксирана атмосфера да уживаат во бесплатно кафе од брендот Saccaria.

Комерцијална банка, како партнер на саемот, овозможи финансиски решенија за полесна реализација на идеите за уредување.

- Advertisement -

Саемот имаше и хуманитарен карактер – дел од приходите од влезниците беа донирани во Фондот за солидарност на Црвениот крст, како поддршка за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата што го погоди Кочани. За времетраењето на саемот беа поставени и специјални кутии за донации од Црвениот крст, овозможувајќи му на секој посетител да даде свој придонес во хуманитарната акција.

Сподели!
- Advertisement -