Mарија Јошевска ги прави најиновативните еколошки свеќи од восок од соја!

- Advertisement -

Дали знаете колку се штетни парафинските миризливи свеќи кои најчесто кај нас се користат? Евтин парафин, вештачки мириси и бои … при согорување, научниците тврдат дека испуштаат четири штетни соединенија кои лошо влијаат на човековото здравје. 

Дали нивината достапност по рафтовите на супер маркетите, дали нивната амбалажа или наметливите реклами се причина која ги тера луѓето да ги купуваат…..а и веројатно заради тоа што производителите не се обврзани да го покажуваат 90% од нивниот состав, па така не постои контрола на квалитет и тие се сеприсутни.

- Advertisement -

Но, времето на еко-бизниси на наша радост полека, но сигурно се буди.

Ова е интервју со  Марија Јошевска од Битола, која ги поместува границите за изработка на свеќи.

- Advertisement -

Нејзините еко-свеќи пружат интересна игра на светлина и сенки, служат и како парче декор додека не се користат. И токму на таа граница на скулптура и функција се наоѓа свеќата со потписот на брендот MM creations.

Марија е вљубеник во природата, па оттука таа е и нејзина вечна инспирација. Нејзините модели на свеќи и садови манифестираат органски, но и геометриско апстрактни форми во кои набљудувачот си наоѓа лична интерпретација. Низ симболиката на формите, кои таа ги иновира преку изработка на модели направени на 3Д пречатач што дава ушите еден иновативен миг на нејзиниот бизнис, создавањето на материјалите, начинот на изработка се во духот на одржливоста, екологијата и свесноста. 

- Advertisement -

Новинарка Љубица Ангелкова

По професија сте дипломиран менаџер за информациски системи, но неодамна дојдовте до идеја да направите мала работилница за свеќи. Како?

Да, дипломирав на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола. На почетокот ми беше интересно, но честопати долгата работата пред компјутер ме замараше. По природа сум љубопитна и динамична и сакам да истражувам, да патувам и да откривам многу нешта, па така сум работела со дипломата на повеќе позиции во различни сектори. Последно работев во ИТ фирма како агент за продажба, па се случи Ковид кризата, во тој ист период родив ќерка и почнав да размислувам да започнам нешто самата, нешто креативно. По долго истражување решив да пробам со рачна изработка на саксии кои практично беа моите први производи. Потоа следеа и свеќите, односно тие мали саксии почнав да ги полнам со восок. Кога сме кај восокот, потрошив месеци на истражување, затоа што сакав од почеток до крај да стојам зад изработката од материјал  до финален производ.

По што се твоите свеќи различни?

Ова се рачно изработени свеќи од соин восок, убаво мирисаат, ставени се во уникатни и одлично дизајнирани садови направени од цементна смеса. Соиниот восок е 100% чист и нештетен,  во него има квалитетни концентрирани и неразредени миризливи масла кои во својот состав не содржат алкохол. 

Свеќите кои ги изработуваш се еко. Малкумина знаат дека класичните свеќи се направени од парафин кој е нус производ на нафтата. И истражувањата покажуваат дека нивното горење создава токсични канцерогени хемикалии. Каков материјали користиш ти?

Да, материјалот/восокот кој го користам за свеќите е соин. Восок од соја е растителен восок направен од масло од соја, направен од еколошки, обновливи ресурси. Најголемата предност на сојата е тоа што е целосно обновлива. 
Покрај одржливоста, добро направената свеќа од соја ќе гори чисто и бавно, на големо задоволство на нашите клиенти. Иако перформансите и убавината на свеќите од соја зборуваат сами за себе, восокот од соја е навистина сон на пазарот. 

Неодамна почнав да експериментира и со кокосово восок, кој е мојот нов фаворит. Тој е безбоен и без мирис се смета за еден од најдобрите и најздравите видови восок за правење свеќи бидејќи не произведува толку многу саѓи како другите видови восок.  Исто така, најчесто се меша со други природни восоци за да се добијат свеќи кои имаат подобар квалитет на горење и арома терапија. Фитилот кој го користам во свеќите е дрвен,  открив дека со дрвениот фитил кој го користам миризливите свеќи имаат подобар мирис кога горат, ова е така затоа што фитилот на свеќата гори пониско и тлее. Ова помага да се загрее восокот околу фитилот наместо брзо да се изгори со висок пламен што е поверојатно да се случи со свеќа со памучен фитил. Не ни сонував дека има толку детали, во цела оваа приказна, кога започнував. Но, токму овие откривање ја направија мојата работа посебна.

И садовите во кои го ставаш восокот имаат своја приказна?

Садовите или саксивчињата кои првично почнав да ги изработувам ги правам од буквално нула-сама, користам силиконски калапи кои ги полнам со цемент, секој сад ми е поединечно тестиран и за секоја форма употребувам одредена количина цемент, вода итн. Секој сад исто е премечкан со хидроизолација да не прима вода или од восокот, исто и употребувам природни бои за обојување на цементот, гледам сите продукти кои ги користам да бидат еколошки и да нема загадување. Најдобро е тоа што кога клиентите кои ќе си купат свеќа по нејзиното догорување садот може да го користат за многу различни употреби, како саксија за кактуси/скуленти, исто и за чување пенкала, четки за боење, четки за шминка и слично.

Имаш и новина во ова што го работиш, а тоа е вклучување на 3Д принтери во процесот на изработка. Како?

– 3д принтерот го користам за изработка на некои калапи за моите свеќи, беше доста комплицирано додека да научам како се употребува, каков материјал и други детали. Често знам да направам хумор на своја сметка, дека освен вториот факултет кој „го завршив„ на тема цемент и восок, сега го студирам 3Д принтерот. Тој бара доста знаење и труд за тоа што ќе го замислиш да го направиш, сега работам на нови калапи, па исто така планирам да воведам производи кои ќе ги печатам со принтерот, но за тоа потоа.

Колку си вљубеник во природата и како таа те инспирираше за свеќите?

– Природата ја обожавам и во секое годишно време сум прилагодлива. Како што знаеме во каква состојба е планетата земја и колку многу отпад и тежи сакав тоа што ќе го изработувам да не прави дополнителна тежина во отпадот кој го носи, затоа по истражувања за материјалите ја почнав оваа приказна на еколошки мал бизнис. 

Кои мириси на свеќи во моментот ги нудиш?

Моментално есенцијалните масла/парфеми кои ги употребувам се со арома на лаванда, ванила, портокал, лубеница, јагода, зелено јаболко, мохито, lemongrass, јасмин, јоргован…. мислам дека не пропуштив некоја од аромите.

Кои се твоите клиенти?

Производите се наменети за широка потрошувачка, за мене секој е потенцијален купувач. Но, од искуство тоа се главно еко-осветена и луѓе или личности кои добиле подарок, им се допаднал па нарачуваат повторно.

Како успеваш да поттикнеш подобра е.commerce  продажба?

Преку користење на најсовремени ИТ алатки и дигитален маркетинг

Имам професионална персонализирана интернет продавница, имам интегриран блог, имплементиран СЕО модул и брзо и лесно онлајн плаќање.

Линк до сајт:  www.mmcreations.art 

По што е посебен твојот мал бизнис?

Рачната изработка на производите и љубовта и вниманието која ја вложувам во креирањето на секој еден производ им дава посебна персоналност и уникатност. 

Колку кај нас се фаворизира еко предзнакот на производите?

Искрено во нашата држава сметам дека многу мал дел употребуваат/купуваат еко производи, се уште свесноста е на многу мало ниво според мене.

Која е најдобрата лекција која ја научи од стартот на малиот бизнис досега?

– Не секогаш од првиот пат се постигнува целта која си ја замислил но тоа не значи одма да се откажиш напротив пробувам повторно и повторно се до посакуваната цел.

Што ти беше најтешко, а што најлесно?

– Најтешко ми беше работата на калапите со 3д принтерот бидејќи беше нова технологија со која се немав сретнато, па секој почеток со нешто ново е тежок но со големо трпение и љубов кон работата се совладува. Лесна ми е целата изработка на правење на садот па и турање на восокот во садовите за добивање на конечниот продукт.

Имаш ли некој совет до некој кој сака охрабрување да започне мал бизнис, или до некој кој е во дилема дали еко или не?

Секако да, нека секој го следи својот инстинкт и нека верува во себе, според мене секој кој започнува нов бизнис би било убаво доколку се грижи за околината и да воведе еко процес во своето работење.

Сподели!
- Advertisement -