Samsung Electronics ја претстави визијата AI Home на настанот Welcome to Bespoke AI

- Advertisement -

Bespoke AI уредите со надградена вештачка интелигенција и екрани во повеќе нови категории на производи ги решаваат досадните секојдневни проблеми на корисниците во домот

Samsung Electronics ја претстави својата обновена визија AI Home и иновативната линија на уреди на глобалниот настан Welcome to Bespoke AI, одржан во Сеул, Јужна Кореја. Со фокус на обезбедување побезбедно и поинтуитивно корисничко искуство, компанијата го претстави искуството AI Home, прикажувајќи напредни AI функционалности и поширока понуда на уреди со екрани.

Џонг Сеунг Мун (Jeong Seung Moon), извршен потпретседател и раководител на тимот за истражување и развој во одделот за дигитални уреди на Samsung Electronics, ја отвори глобалната прес-конференција претставувајќи ја визијата на компанијата за создавање AI Home што хармонично ги поврзува различните уреди и на тој начин одговара на потребите на корисниците во секоја просторија од домот.

- Advertisement -

„Преку нашите Bespoke AI уреди, Samsung создаде AI Home што не само што ја подобрува секојдневната удобност, туку истовремено овозможува и заштеда на енергија и грижа,“ изјави Џонг Сеунг Мун. (Jeong Seung Moon). „Ќе продолжиме да ја прошируваме оваа напредна AI Home визија во сè повеќе домови, користејќи паметни екрани, Bixby и Knox безбедносна заштита.“

Линијата на Bespoke AI уреди за 2025 година

- Advertisement -

За време на настанот, Samsung ги претстави своите Bespoke AI уреди за 2025 година, кои носат нови и иновативни функционалности за решавање на тешките секојдневни проблеми на корисниците.

Во срцето на визијата на компанијата се наоѓа AI Home екранот. Изграден врз основа на иновацијата со неговото прво претставување минатата година, AI Home сега е достапен во нови големини и е проширен на широк спектар на нови производи, како што се Bespoke AI фрижидерите, Bespoke AI Laundry Vented Combo, машините за перење и сушење алишта.

- Advertisement -

9-инчниот AI Home екран на линијата Bespoke AI фрижидери им нуди на потрошувачите повеќе опции, овозможувајќи слично искуство како и кај поголемиот AI Family Hub™ екран. Со надградената AI Vision Inside, управувањето со храната е подобрено преку нови функционалности, како автоматско препознавање на преработени прехранбени производи  — достапно и за моделите со AI Family Hub™ и за оние со AI Home. Преку 7-инчниот AI Home екран на Bespoke AI Laundry, корисниците можат интуитивно да ги контролираат циклусите на перење и сушење, како и да следат и управуваат со другите поврзани уреди.

Дополнително, новите Bespoke AI уреди носат унапредени функционалности што се приспособуваат на потребите на потрошувачите. На пример, Bespoke AI Hybrid фрижидерот користи вештачка интелигенција за ефикасно ладење на внатрешноста, детектирајќи го тековниот статус и предвидувајќи промени во внатрешната температура за оптимално приспособување на ладењето.

Bespoke AI Laundry нудат нови функции за поголема удобност, со нови самостојни модели кои ја надградуваат технологијата AI Wash и AI Dry во AI Wash+ и AI Dry+. Дополнително, ќе бидат претставени и модели за европскиот пазар, кои користат до 55% помалку енергија од минималните барања за класа A за машини за перење.

Samsung продолжува со иновации и во линијата на правосмукалки. Безжичната stick правосмукалка Bespoke AI Jet Ultra ќе биде лансирана со најмоќната сила на вшмукување во светот — до 400W. Надградениот AI Cleaning Mode 2.0 препознава уште поголем спектар на средини, како што се ќошиња и различни типови теписи, со што се овозможува уште поефикасно чистење.

Samsung ја претстави и Bespoke AI Jet Bot Steam Ultra. Оваа робот-правосмукалка не само што е дизајнирана да се искачува преку прагови, туку е и надградена со AI препознавање на објекти во сложени средини — со способност да препознае пречки од само 1 см, како и проѕирни течности, со што се постигнуваат подобри резултати при чистењето. Кога ќе наиде на ќошиња или ѕидови, четката автоматски се извлекува за да исчисти површини што се предизвик и за стандардните робот-правосмукалки.

Апаратите за домаќинство на Samsung носат едноставност, грижа и заштеда за корисниците

Samsung уште повеќе ја разработи својата визија AI Home и својата посветеност кон интеграција на вештачка интелигенција во поврзаното корисничко искуство, со цел да одговори на различните стилови на живот — преку трите клучни придобивки: едноставност во користењето, грижа и заштеда.

Благодарение на интеграцијата на AI Home екранот, на корисниците им е полесно од кога било да ги користат сите функционалности на нивните Bespoke AI уреди. Паметниот екран сега служи како уште подобар централен хаб, со можност да поврзе и уреди од трети страни преку SmartThings — без потреба од дополнителен хаб уред. Корисниците можат да ги искористат функциите како Daily Board на фрижидерот за примање персонализирани информации и полесно управување со дневните активности — или да ја користат Map View за едноставно следење и управување со другите поврзани уреди.

Надградениот Bixby овозможува полесна контрола на уредите преку гласовни команди и ја подобрува употребливоста со нови функционалности, како што е Voice ID. Оваа функција ги персонализира услугите преку препознавање на гласот на корисникот, автоматски префрлајќи се на Samsung профилот на говорникот и прикажувајќи го неговиот календар на екранот. Ако таа личност користи и опција за слаб вид на својот Galaxy паметен телефон, таа поставка автоматски се синхронизира и со екранот на уредот, обезбедувајќи подобро визуелно искуство.

На настанот беа претставени и нови услуги на SmartThings, меѓу кои и Family Care — функционалност што испраќа известување до останатите членови на семејството доколку не се детектира движење на корисникот во однапред определено време, или ако нема активност одреден период по последното движење. Можно е и да се искористи робот-правосмукалката за проверка на потенцијални итни ситуации, при што целата оваа функционалност е силно заштитена преку Samsung Knox безбедносната платформа.

Континуирани напори за обезбедување доверливи искуства

За да ја заокружи својата визија AI Home за 2025 година, Samsung истакна како ги поместува границите на иновацијата, ставајќи приоритет на сигурно и доверливо искуство за корисниците.

Најпрво, Samsung ќе примени унапредена Knox безбедност на уредите низ целата понуда, со цел корисниците да можат да уживаат во AI Home искуството со поголема сигурност и мир. Особено оваа година, Trust Chain – дел од Knox Matrix – ќе биде применета на сите уреди со Wi-Fi кои ќе се лансираат во 2025 година. Корисниците ќе можат постојано да го следат статусот на безбедност на уредите во реално време преку посебна контролна табла.

Knox Vault за првпат се применува и кај домашните уреди, со цел да се складираат особено чувствителни кориснички информации — како лозинки и податоци за автентикација — во посебен хардверски чип, со што се обезбедува максимална заштита. Дополнително, за заштита од потенцијални идни квантни напади, безбедносниот систем на Samsung е опремен и со пост-квантна криптографија (PQC), како дел од Knox Matrix Credential Sync, на уредите кои користат екрани.

Уште еден клучен приоритет за Samsung е да им овозможи на корисниците да ги користат најновите софтверски функционалности и на постојните уреди, без потреба од купување нови. Преку Smart Forward — услугата за ажурирање на софтвер преку SmartThings — Samsung постојано ги надградува своите уреди со нови функции, со цел да го подобри корисничкото искуство.

Samsung активно работи и на унапредување на одржувањето на производите. SmartThings Home Care користи вештачка интелигенција за дијагностицирање на состојбата на секој уред, а доколку се откријат знаци на потенцијален дефект, испраќа известување навреме. Дополнително, претставник на техничката поддршка може да понуди насоки за далечинско решавање на проблемот, базирани на резултатите од претходната дијагностика. Оваа функција за поддршка веќе е проширена во повеќе земји, вклучувајќи ги Франција, Холандија и Канада, по првичното воведување во Кореја и САД.

Со интегрирање на сите овие разновидни иницијативи, Samsung има за цел да создаде побезбедно и подоверливо паметно домашно искуство, во кое корисниците ќе можат да уживаат со удобност и чувство на сигурност.

Паметни решенија за полесен живот

Изберете паметно, купете уреди Bespoke AI во претпродажба и може да добиете Galaxy Tab S9 FE или Galaxy Tab A9+ како подарок.

Промоцијата важи од 31.3.2025 година до 7.4.2025 година.

Пристигнаа паметните решенија! Вие треба само да ги препознаете, изберете и да си го поедноставите секојдневието. Се разбира, сите што ќе го направат тоа во претпродажба ќе добијат вреден подарок.

Од 31 март до 7 април 2025 година, Samsung нуди ексклузивни подароци за купени избрани уреди. Не пропуштајте ја шансата да купите иновативни уреди од нашиот асортиман Bespoke AI и да го збогатите својот дом со неверојатни можности.

Ако го купите фрижидерот Bespoke AI Family Hub во претпродажба, добивате подарок Galaxy Tab S9 FE. Исто така, ако купите машина за перење WF90F или stick правосмукалка Jet, како подарок го добивате Galaxy Tab A9+.

За да го остварите правото на овие фантастични подароци, само регистрирајте го купеното најдоцна до 30 април 2025 година на страницата на Samsung.

Промоцијата важи кај продажните партнери на Samsung наведени во правилата на промоцијата, кои самостојно ја одредуваат малопродажната цена. Подетални информации за енергетската ефикасност, целосниот список со вклучени производи и условите за достава може да добиете на на страницата на Samsung.

Изберете паметни решенија за поедноставен живот со Samsung Bespoke AI.


Сподели!
- Advertisement -