Создадени за предизвикувачки работни средини, најновите издржливи паметни телефони и таблети од Samsung нудат издржливост од воена класа и напредни бизнис функции за беспрекорно работење
Samsung Electronics ги претстави новите Galaxy XCover7 Pro и Galaxy Tab Active5 Pro – уреди подготвени за деловна употреба, дизајнирани да ги задоволат потребите на денешните брзи и интензивни работни средини. Продолжувајќи ја традицијата на издржливи уреди на Samsung, овие најнови Pro модели се разновидни, оптимизирани и безбедни – нудејќи подобрена издржливост[1], стабилни перформанси и оптимизиран работен процес со цел да им овозможат поголема ефикасност на вработените во првата линија, од канцеларија до терен и пошироко.
Со 5G поврзаност[2], надграден процесор и зголемена меморија, XCover7 Pro и Tab Active5 Pro нудат подобрена мобилност и сигурност. XCover7 Pro има нов моќен стерео звучен систем со анти-фидбек технологија, која минимизира несакани аудио повратни ефекти за појасна комуникација. Двата уреди имаат зголемен капацитет на батеријата – XCover7 Pro е опремен со батерија од 4.350mAh за подолготрајна употреба, додека Tab Active5 Pro располага со батерија од 10.100mAh дизајнирана да поддржи интензивни работни процеси.
Tab Active5 Pro, исто така, поддржува функција за Dual Hot-Swap на батерии[3], што им овозможува на корисниците да ги заменат батериите без да го исклучат уредот, обезбедувајќи непрекинато работење дури и при речиси празна батерија.


Со очекуван раст на пазарот на издржливи паметни телефони до 4,46 милиони уреди и на издржливи таблети до 1,89 милиони единици до 2028 година[4], овие уреди стануваат сè поважни за индустрии како што се малопродажба, јавна администрација, логистика, здравство и производство. Сигурни, моќни и издржливи, тие можат да бидат клучни за обезбедување непречено функционирање во каква било работна средина.
„Во Samsung знаеме дека професионалците во првата линија имаат потреба од технологија што се прилагодува на нивната динамична работна средина,“ изјави Џери Парк (Jerry Parkѐ), извршен потпретседател и раководител на глобалниот тим за мобилни B2B решенија во MX бизнис-секторот на Samsung Electronics. „Galaxy XCover7 Pro и Galaxy Tab Active5 Pro комбинираат издржливост, безбедност од деловно ниво, беспрекорна поврзаност и интуитивни функции базирани на вештачка интелигенција за да им помогнат на бизнисите да работат ефикасно во тешки услови, максимизирајќи ја продуктивноста и минимизирајќи ги застоите.“

Робусна издржливост: Создадени да издржат секаква средина
Galaxy XCover7 Pro и Galaxy Tab Active5 Pro се дизајнирани да функционираат беспрекорно во првата линија на сите индустрии. Поинтензивно тестирани за издржливост, овие уреди се создадени да издржат во најпредизвикувачки услови и да понудат сигурни перформанси на терен. Двата уреди имаат IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина[5], што овозможува заштита од навлегување на прашина и контакт со вода – правејќи ги доверлив избор за средини каде што може да дојде до прскање или повремено потопување.
S Pen пенкалото на Tab Active5 Pro — клучна алатка за професионалците на терен кои коментираат документи, потпишуваат формулари или внесуваат податоци во движење — дополнително ја проширува функционалноста, бидејќи работи дури и во одредени влажни услови. Дополнително, двата уреди се тестирани за употреба со чести средства за дезинфекција на работното место, обезбедувајќи издржливост во средини каде што е потребно редовно чистење.
Дизајните сертифицирани според MIL-STD-810H[6] стандардите обезбедуваат отпорност на паѓање, екстремни температури и вибрации, додека екранот на Tab Active5 Pro со Corning® Gorilla® Glass Victus®+ стакло нуди напредна заштита од гребење и удари. Корисниците во малопродажба, јавна администрација и производство, исто така, можат да се потпрат на подобрената чувствителност на допир кај двата уреди, овозможувајќи лесно користење со компатибилни ракавици. [7]

Континуитет во работата: Поврзани и напојувани во текот на целиот ден
Јасната комуникација е клучна во динамичните работни средини, особено за тимови кои се потпираат на функцијата за воки-токи во индустрии како што се градежништво и итни услуги. Galaxy XCover7 Pro и Galaxy Tab Active5 Pro ја подобруваат звучната технологија со редуцирање на повратниот шум, минимизирајќи го разорниот звук што може да се појави кога повеќе уреди кои го споделуваат истиот канал се наоѓаат во близина. Со поголем волумен и подобрена јасност[8], овие надградувани стерео звучници им помагаат на работниците на терен да останат поврзани и да пренесуваат важни информации без прекини[9]. Tab Active5 Pro дополнително ја зајакнува комуникацијата со оптимизирано подесување на звукот, зголемувајќи ги нивоата на звук и вклучувајќи интелигентна обработка на звукот за филтрирање на позадинскиот шум, правејќи ја соработката уште поефективна.
Двата уреди нудат и Vision Booster, технологија која ја подобрува видливоста на отворено, подобрувајќи ја читливоста на екранот во светли услови. Galaxy Tab Active5 Pro дополнително го подобрува ова со зголемена осветленост на екранот до 600 нити — значително зголемување од 480 нити во претходниот модел — обезбедувајќи појасни слики дури и во тешки осветлувачки услови. Без разлика дали се прегледуваат важни информации на терен или се управуваат работни процеси на отворено, овие надградби нудат подобар контраст, подобрено мапирање на тонови и подобрена видливост при силно осветлување, овозможувајќи им на корисниците да останат фокусирани без разлика каде ги носи работата.
Со продолжен живот на батеријата[10] и беспрекорни решенија за напојување, Galaxy XCover7 Pro и Galaxy Tab Active5 Pro поддржуваат непречен работен процес. Двата уреди имаат POGO интерфејси за полнење, со што се олеснува полнењето на повеќе уреди истовремено во средини со POGO докови[11]. За средини во кои уредите остануваат приклучени, Tab Active5 Pro го поддржува No Battery Mode[12], што му овозможува да функционира кога е поврзан со посебен извор на напојување — идеално за поставки во возила, киосци и работни станици.
Беспрекорната поврзаност е исто така клучна за одржување на континуитетот во работата. XCover7 Pro и Tab Active5 Pro поддржуваат 5G поврзаност, Wi-Fi 6E и мрежно сечење за приоритетизирање на комуникацијата помеѓу уредите, дури и во густи мрежни средини, обезбедувајќи брз и стабилен пристап до мрежата. Со поддршка за двојна SIM картичка (pSIM + eSIM) на Tab Active5 Pro, работниците лесно можат да се префрлаат на разлилчни мрежи, останувајќи поврзани во било која средина.
Tab Active5 Pro воведува NFC означување за фронтално скенирање, што ја подобрува употребливоста во средини како малопродажба, угостителство и логистика каде што брзите и безбедни интеракции се од суштинско значење. Овозможувајќи беспрекорна автентикација, следење на средства и мобилни плаќања, таблетот може ефективно да се користи како мобилна точка на продажба (mPOS)[13] во продавници и ресторани. Вработените може брзо да ги потврдат акредитивите, да ги обработуваат трансакциите и да управуваат со средствата без потреба од дополнителен хардвер, што ја зголемува ефикасноста во индустриите каде брзината и безбедноста се клучни.
Максимизирана продуктивност: Паметни алатки за извонредност од врвна класа
Најновите издржливи уреди на Samsung исто така воведуваат подобрувања засновани на вештачка интелигенција, што ја засилува посветеноста на Samsung за проширување на AI можностите низ целиот свој екосистем. Овие интелигентни функции ги прават секојдневните задачи попаметни и побрзи, помагајќи им на професионалците во првата линија да работат поефикасно и побрзо во динамични услови, додека истовремено ја прават напредната вештачка интелигенција попристапна за поширок опсег на уреди.
Опремени со чип-сетови со високи перформанси, подобрени функции за употребливост и интуитивни алатки базирани на вештачка интелигенција, двата уреди им овозможуваат на вработените да извршуваат повеќе задачи истовремено со леснотија. Функциите како Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search with Google)[14], Object Eraser, AI Select и Read Aloud им помагаат на корисниците да ги завршуваат задачите поефикасно, намалувајќи го мануелниот напор и подобрувајќи ја точноста[15]. Galaxy XCover7 Pro е опремен со Snapdragon® 7s Gen 3 Mobile Platform (4nm Octa-Core) чип-сет, кој ги оптимизира напојувањето и брзината на обработка, додека Tab Active5 Pro, кој има ист чип-сет, нуди зголемена RAM меморија и проширени опции за складирање за справување со интензивни работни задачи.
Дизајнирани за професионалци кои имаат потреба од флексибилност, двата уреди поддржуваат Samsung DeX, што им овозможува да се поврзат со монитор за искуство слично на десктоп компјутер. Без разлика дали се управува со теренски извештаи, се извршуваат административни задачи или се презентираат податоци, корисниците можат беспрекорно да се префрлаат меѓу различни мобилни и десктоп средини.
Дополнително, програмабилните копчиња им овозможуваат на корисниците да доделат кратенки за често користени апликации, како што се скенирање баркодови, push-to-talk или итни предупредувања. Оваа прилагодливост ја подобрува ефикасноста на работниот процес, намалувајќи го времето поминато во навигација низ менито и подобрувајќи ја реакцијата во критични ситуации.
Безбедноста останува основен столб на издржливите уреди на Samsung, коа со Samsung Knox Vault[16] ги штити чувствителните податоци преку напредна енкрипција и автентикација за да се обезбеди усогласеност со безбедносните стандарди на претпријатијата. Покрај тоа, Samsung нуди обемен пакет безбедносни иновации дизајнирани да обезбедат силна заштита, транспарентност и контрола на корисникот. Kernel и DEFEX заштитата во реално време обезбедуваат заштита во текот на работењето и на ниво на апликации и на ниво на јадро, додека Samsung Warranty Bit открива манипулации и го ограничува пристапот до чувствителни апликации, како што е Work Profile, помагајќи да се одржи доверливото опкружување на уредот.
Достапност
Новите Galaxy XCover7 Pro и Galaxy Tab Active5 Pro ќе бидат достапни од април 2025 година.[17]
За повеќе информации за најновите Galaxy уреди на Samsung, посетете: news.samsung.com/galaxy or www.samsungmobilepress.com.
###
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.