САД и Украина потпишаа договор за минерали и ќе формираат инвестициски фонд за реконструкција

- Advertisement -

Според Министерството за финансии на САД, двете земји во среда потпишаа и договор за формирање инвестициски фонд за реконструкција.

САД и Украина потпишаа во среда во Вашингтон сеопфатен економски договор, со кој се формира инвестициски фонд за обнова на земјата разурната од војна и им се дава на Американците пристап до украинските природни ресурси, јавуваат светските новински агенции.

- Advertisement -

Министерството за финансии на САД објави дека економското партнерство ќе им овозможи на двете земји „да соработуваат и заеднички да инвестираат за да се осигурат дека нашите заеднички средства, таленти и способности можат да го забрзаат економското закрепнување на Украина“.
Министерот за финансии Скот Бесент изјави дека САД се посветени на помагање во завршувањето на руската инвазија на Украина, пренесува ДПА.
„Претседателот Трамп го замисли ова партнерство меѓу американскиот и украинскиот народ како демонстрација на посветеноста на двете страни кон траен мир и просперитет во Украина“, рече Бесент.

„И да бидеме јасни, на ниедна земја или лице што ја финансирало или снабдувало руската воена машинерија нема да му биде дозволено да има корист од обновата на Украина.“

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -