Покана за кинематографско патување низ Европа
Секој 9-ти мај, Европјаните ја одбележуваат Шумановата декларација од 1950 година, смела визија за мир и соработка во повоена Европа. Предложена од францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман, декларацијата ги постави темелите за она што ќе стане денешна Европска Унија. Иако секоја земја има свои национални празници, Денот на Европа е наш заеднички момент – време за размислување, собирање и славење на вредностите што нè обединуваат.
Но, за многумина, Денот на Европа сè уште поминува тивко. Затоа иницијативите како #MyEuropeDayOff повикуваат на преосмислување на овој ден – не како редовен работен ден, туку како вистинско славење на европскиот идентитет. Замислете музика на улиците, јавни уметнички инсталации, споделени културни искуства и отворен дијалог – Денот на Европа треба да биде момент кога Европа навистина оживува.
Да го прославиме Денот на Европа со приказни што нè поврзуваат сите!
EU Youth Cinema: Green Deal, образовен проект поддржан од ЕУ, се приклучува на повикот 9-ти мај да биде повеќе од обичен датум во календарот и ги поканува сите на уникатно искуство преку три возбудливи еколошки филмови, од кои секој нуди поглед кон европските пејзажи, вредности и заедници:
- ЈАБОЛКОВО ЕЗЕРО/LAKE OF APPLES (Северна Македонија): Поетски, визуелно впечатлив филм за односот меѓу луѓето и природата околу Преспанското Езеро – истакнувајќи теми за биодиверзитет, традиција, реставрација и отпорност.
- ВЕЛОСИПЕДСКИ ПРИКАЗНИ ФОРАРЛБЕРГ/BIKE STORIESVORARLBERG (Австрија): Шармантен и полн со енергија краток документарец кој ја доловува културата на велосипедизмот во Форарлберг. Филмот го слави одржливиот транспорт и како заедниците можат да живеат похармонично со животната средина.
- ДОМА/HOME (Франција): Прекрасно воздушно патување низ повеќе од 50 земји, ДОМА ја покажува разновидноста на екосистемите на Земјата, истовремено предупредувајќи за опасностите што ги претставува уништувањето на животната средина. Тоа е моќен повик за акција и подигање на свеста.
Овие филмови не само што ја поттикнуваат еколошката свест кај младите, туку и ја одразуваат различноста, убавината и споделените вредности на Европа – совршено оддадена почит кон значењето на Денот на Европа.
Филмовите се достапни бесплатно за сите ширум светот на https://tinyurl.com/EuropeDay2025.

Обединети за позелена иднина
Проектот првенствено е финансиран од Creative Europe MEDIA и Vienna Insurance Group (ВИГ) со своите локални брендови, вклучувајќи го Winner Life Осигурување и МАКЕДОНИЈА Oсигурување. Дополнителна значајна поддршка е обезбедена од Здружението за заштита на авторските права на аудиовизуелните медиуми ВАМ (Collecting Society for Audiovisual Media VAM), Министерството за јавна администрација на Словенија и Cineplexx International, ексклузивниот кино партнер во 11 земји и 33 градови, вклучувајќи го и Скопје.
“Недопрена еколошка и социјална средина е од суштинско значење за исполнет живот и успешна економска активност. Затоа, одржливоста, мора да биде во интерес на сите нас, со оглед на напредувањето на климатските промени. Иницијативите како EU Youth Cinema: Green Deal придонесуваат значајно за пренесување на знаењето и подигнување на свесноста за климатската стратегија на ЕУ. Со задоволство го поддржуваме ова, особено бидејќи одржливоста е исто така интегрален дел од нашиот бизнис модел,” објаснува Хартвиг Логер, извршен директор на Vienna Insurance Group.
„Cineplexx International е претставен во единаесет од дванаесетте земји и придонесува за успехот на овој високо иновативен проект со релевантна кино експертиза, прилагодени маркетиншки мерки и првокласна инфраструктура. Исто така, оваа соработка ја гледаме како одлична можност да помогнеме во воспоставувањето зелено училишно кино во 33 европски градови каде што моментално работиме, од Виена, Сибиу и Букурешт до Скопје, Сараево, Сплит и Солун. Ова е место каде што може да се одвива дијалог ориентиран кон иднината меѓу генерациите и размена на знаење, искуства и еколошки практики“, вели Кристоф Папушек, финансиски директор и ко-сопственик на Cineplexx International, кој е ексклузивен кинематографски партнер.
Придружете се на движењето EUYC:GD
EU Youth Cinema: Green Deal ги поканува сите да учествуваат во иновативната зелена програма за иднината. Дури и ако не сте ученик или наставник, можете да гледате неколку филмови без регистрација и бесплатно директно на зелената платформа за стриминг www.euyc.green – достапна за сите ширум светот.
Наставниците од Македонија кои сакаат да ја откријат целата колекција филмови со своите ученици и да пристапат до дидактичките материјали, треба да се регистрираат на www.youth-cinema.eu/mk. Процесот на регистрација на македонски јазик е едноставен и трае само неколку минути.
Затоа, ајде да ја направиме Европа позелена – заедно!