Во Брисел се одржува навистина необична модна ревија – ревија на чоколадо

- Advertisement -

Модната ревија, која е резултат на соработка на дизајнери, слаткари и производители на чоколадо од 15 земји од светот го отвори тридневниот саем Salon du Chocolat во главниот град на Белгија. Необичните чоколадни креации опфатија се – од вечерни тоалети и коктел фустани до шешири, пренесува N1 info.

Производители на чоколадо, шефови, слаткари и млади таленти ќе присуствуваат на овој саем, кој ќе трае од 2 до 4 март и ја слави чоколадата во сите форми и вкусови. На саемот ќе има повеќе од 130 учесници на површина од 8.000 м2 посветени целосно на чоколадата и какаото. Темата на годинашното издание на саемот е „Чоколада и какао: Големата авантура“ и се однесува на креативноста и страста кон оваа професија. Љубители на чоколадата, подгответе се за вистинско будење на вашите сетила.

 

Сподели!
- Advertisement -