Населението на Луксембург ќе се дуплира до крајот на векот

- Advertisement -

Луксембург ќе забележи најголем пораст на населението меѓу членките на ЕУ до крајот на векот, се наведува во новиот извештај на Европската статистичка служба.

Од 645.000 луѓе во 2022 година, населението на Луксембург ќе порасне на повеќе од 997.000 до 2100 година или 54,5%, покажуваат проекциите на Евростат.

- Advertisement -

До средината на 21 век населението на Луксембург се очекува да порасне на речиси 900.000 пред да се забави растот.

Проектираните трендови ги отсликуваат оние од претходните години, а податоците од пописот од 2023 година покажуваат дека населението на Луксембург пораснало 15 пати побрзо од ЕУ како целина во втората деценија на 21 век.

- Advertisement -

Растот на населението во Луксембург е во целосна спротивност со повеќето земји-членки на ЕУ, од кои 15 се очекува да се намалат до крајот на векот.

На ниво на ЕУ населението ќе се намали за повеќе од 27 милиони до 2100 година. Евростат, исто така, предвидува дека Луксембург веќе нема да ја има најмладата популација во ЕУ до крајот на векот, бидејќи просечната возраст на неговите жители ќе се зголеми од 39 во 2022 година на 50 години во 2100 година.

- Advertisement -

Заедно со Малта, Луксембург ќе забележи најголем пад на уделот на работоспособното население (од 15 до 64 години според Евростат) во вкупното население, кое ќе падне за речиси 15% во периодот 2022-2100 година.

Исто така, се предвидува дека до крајот на векот секоја земја-членка на ЕУ ќе има помалку од две работоспособни лица за секое лице на возраст од 65 и повеќе години.

Како и сега, се предвидува дека најголеми земји-членки на ЕУ по население на крајот на векот ќе бидат Германија, Франција, Италија, Шпанија и Полска.

(Beta)

Сподели!
- Advertisement -