Плажа во Грција прогласена за најубава во светот за 2025 година

- Advertisement -


Како што се наближува времето за летни одмори, многумина избираат место каде што можат да летуваат поевтино, а исто така место каде што можат да уживаат во прекрасни пејзажи. За 2025 година титулата најубава плажа ја освои Гларокавос на полуостровот Касандра во регионот Халкидики во северна Грција.

Плажата ја освои оваа престижна титула врз основа на гласовите на патници од целиот свет, кои се направени од организацијата EBD (European Best Destinations).

- Advertisement -

Плажата, која се наоѓа во истоимената лагуна, ја нарекуваат и „Синото езеро“, а ги освои срцата на посетителите со прекрасната природа – тиркизното море опкружено со борови дрвја, мирот со кој зрачи и богатството на културни атракции во близина.

Лагуната е многу популарна меѓу семејствата, но и ај кајакари и веслачи. Еден дел од плажата е опремен со шезлонги и други туристички содржини, додека другиот им овозможува на туристите да уживаат во недопрена природа, пренесува порталот Punkufer.

- Advertisement -

На овогодинешната листа на најдобри европски плажи се најде и дубровничката плажа Бање која го зазеде осмото место на листата.

Десетте најубави европски плажи во 2025 година се:
1.Гларокавос, Грција
2 .Кала Брандинци, Италија
3.Кала Прегонда, Шпанија
4.Кала Луна, Италија
5.Гејл Фонтајнхас, Португалија
6.Ла Пелоса, Италија
7.Де Лос Муертос, Шпанија
8.Асос, Грција
9.Бање, Хрватска
10.Гулпијури, Шпанија.

- Advertisement -

(BIZlife)

Сподели!
- Advertisement -