Ова е маска за телефон од „човечка кожа“

- Advertisement -


Денес на пазарот има илјадници различни модели на паметни телефони, а илјада пати повеќе различни маски и футроли за истите тие телефони. Сепак, од неодамна Обединетото Кралство навистина може да се пофали со титулата „уникатна“ маска за телефон.

Имено, маската е направена од материјал кој изгледа, се чувствува и се однесува како вистинска кожа. Создадена е од истражувачот и креативен технолог Марк Тејсиер, не како експеримент, туку како предупредување за секој што штотуку се подготвува за одмор.

- Advertisement -

Имено, како што самиот Тејсиер објасни, маската за паметни телефони е направена од синтетички материјал кој целосно ја имитира човечката кожа. До тој степен што може да се изгори ако е изложена на УВ зраци подолго време.

За нејзино производство е користена комбинација од рачна работа, 3Д печатење и напредно производство, а за создавање на самата кожа се користени специјални композити кои реагираат на УВ зраци. Ова дава впечаток дека допирате вистинска човечка кожа, а таа реагира на изложеност на сонце исто како што би реагирала човечката кожа.

- Advertisement -

„Мојата работа често ги поврзува нашите дигитални животи и благосостојба. Ова е пример за тоа како технологијата може да се користи за промовирање на здравјето и позитивните промени во однесувањето. Нашите телефони се предмети за кои не очекуваме да се променат и да реагираат на начин на кој би реагирале луѓето“ истакна Тејсиер.

Skincase, како што се нарекува, е создадена во соработка со телекомуникацискиот оператор О2 и со поддршка на Британската фондација за кожа, за да се привлече вниманието кон штетните ефекти од изложеноста на сонце и потребата од соодветна заштита.

- Advertisement -

Како што истакнуваат, дури 56% од Британците го проверуваат својот паметен телефон три или повеќе пати во текот на најжешкиот дел од денот (од 11 до 15 часот), но само еден од петмина повторно ќе нанесе крема за сончање во тој период, додека речиси 10% од анкетираните воопшто не нанесуваат крема за сончање.

Со создавањето на Skincase тие сакаат да им помогнат на корисниците да станат свесни за тоа колку брзо УВ зраците можат да ја оштетат нивната кожа, со оглед на тоа што претходните истражувања покажале дека се потребни само пет изгореници од сонце во текот на животот за да се дуплира ризикот од развој на меланом (рак на кожа).

(New Scientist)

(фото: Marc Teyssier)

Сподели!
- Advertisement -