Чет ЏиПиТ има повеќе од 2,5 милијарди промптови дневно, потврдува Опен ЕјАј

- Advertisement -

Платформата на Опен ЕјАј секојдневно добива стотици милиони кориснички промптови, со над 330 милиони од САД. Во годишен обем, тоа значи речиси еден билион интеракции со вештачка интелигенција

Платформата Чет ЏиПиТи на Опен ЕјАј бележи повеќе од 2,5 милијарди промптови дневно од корисници ширум светот, со околу 330 милиони од нив кои доаѓаат само од САД, покажуваат податоците на Аксиос.

- Advertisement -

Овие бројки, потврдени од портпаролот на Опен ЕјАј, Роб Фридлендер, за Врџ, покажуваат дека Чет ЏиПиТи годишно добива над 912,5 милијарди промптови.

Иако платформата сè уште е далеку од доминацијата на Гугл, кој обработува околу 5 трилиони пребарувања годишно, забрзаниот раст на Чет ЏиПиТи претставува сериозна закана за технолошкиот гигант. Само за неколку месеци, неделниот број на корисници на Чет ЏиПиТи порасна од 300 милиони во декември минатата година на повеќе од 500 милиони во март.

- Advertisement -

Покрај зголемувањето на корисничката база, Опен ЕјАј работи и на проширување на функционалностите на Чет ЏиПиТи. Според неодамнешен извештај на Ројтерс, компанијата се подготвува да лансира сопствен интернет прелистувач базиран на вештачка интелигенција, со што директно би конкурирала на Гугл хром.

Минатата недела, Опен ЕјАј веќе го претстави Чет ЏиПиТи агент, алатка која може самостојно да извршува задачи на кориснички компјутер. Овој чекор се смета како вовед во понатамошна интеграција на вештачката интелигенција во секојдневната дигитална работа.

- Advertisement -

(Meта)
Фото –

Сподели!
- Advertisement -