Кои паметни телефони можеме да ги очекуваме во 2018 година?

- Advertisement -

Пред нас е уште една година во текот на која се очекува лансирање на неколку нови генерации паметни телефони. Се уште со сигурност не може да се потврди кога точно ќе бидат пуштени во продажба тие паметни телефони со оглед на тоа дека праксата покажа дека големите компании често знаат да отстапат од датумите кои однапред ги дефинирале.

Американските медиуми наведуваат дека поради тоа купувачите не би требало да носат одлуки за купување нови телефони врз основа на најавите од компаниите и поради тоа што паметните телефони се пуштаат во продажба неколку недели по презентацијата, пренесува Klix.ba.

- Advertisement -

Според проценките, веќе во февруари и во март годинава можеме да ги очекуваме Galaxy S9 и S9 +, како и LG G7 и G7 +. Некои од најдобрите телефони во Кина би можеле да бидат објавени веќе напролет. Имено, Xiaomi во април би можело да го претстави својот Mi 7, a HTC во мај HTC U12. Според достапните информации, во јуни на јавноста ќе и биде презентирани и OnePlus 6 и ZTE Nubia Z18. Наводно, Sony исто така во јуни ќе го претстави својот паметен телефон Xperia XZ Pro-A.

Според последните проценки, наесен можеме да ги очекуваме ажурираните верзии на омилените телефони од 2017 година – вклучувајќи ги Note 9, Xiaomi Mi Mix 3 и LG V40. На листата со телефони кои би требало да бидат презентирани во октомври 2018 година се Google Pixel 3 XL, ZTE Nubia Z18S, Xperia XZ2 и HTC U12 +. Пред самиот крај на годината јавноста би требало да го запознае Moto Z 2019 (можеби наречен Z3), а во декември OnePlus 6T.

Сподели!
- Advertisement -