Samsung го претстави првиот модуларен телевизор во светот – големината е по желба на корисникот

- Advertisement -

Љубителите на филмови наскоро ќе можат да гледаат филмови и серии на првиот модуларен телевизор во светот направен според мерките на секоја соба. Samsung во Лас Вегас на CES 2018 го претстави моделот The Wall („Ѕид“) со дијагонала од дури 3,7 метри, но не најавија колку ќе чини.

За да прикаже слика екранот користи MicroLED технологија, која е слична на OLED односно во секој пиксел емитува сопствено светло и не му треба дополнително позадинско осветлување. Поради тоа телевизорот има богати бои и длабока црна боја каква што гледаме и на скапите OLED телевизори, пишува N1.info.

- Advertisement -

Бидејќи околу екранот нема рамка тоа овозможува да се прави во величини по сопствени потреби, но од Samsung не открија детално како ќе се прави тоа во пракса. Се наведува дека купувачите би можеле да имаат телевизори големи колку еден ѕид или по преселувањето во некоја поголем дом да го „прошират“ телевизорот.

Исто така, Samsung  не открива од колку модули е составен моделот кој го претставија на CES. Телевизорот своето глобално лансирање ќе го има напролет, а тогаш веројатно ќе ја дознаеме и неговата астрономска цена.

Сподели!
- Advertisement -