Кои земји трошат најмногу пари на здравствена заштита?

- Advertisement -

ОЕЦД ги рангирашре земјите со нјависоки примања според тоа колку трошат на здравството. Здравствените системи на најбогатите земји во светот се под финансиски притисок, покажува најновиот извештај на Организацијата за економска соработа и развој.

Извештајот Health at a Glance за 2023 година открива дека трошоците на здравствена заштита биле околу 9,2 % од БДП во развиените земји, што е пад од 9,7% во 2021 година и тоа е одраз на намалената потрошувачка после пандемијата и на инфлацијата.

- Advertisement -

Во 11 земји на ОЕЦД трошоците за здравство како дел од БДП во 2022 година се пониски отколку во 2019 година. Но, се позабрзаната дигитализација на здраствените системи може да ја подобри нивната ефикасност.

САД најмногу трошеле на здравствена заштита во 2023 година – 16,6% од БДП. Наредна е Германија со 12,7% од БДП на здравство, а трета е Франција со 12,1% од БДП.

- Advertisement -

САД се и најголем потрошувач на здравствена заштиа по жител – просечно 12.555 долари по жител. После нив следува Швајцарија со 8.049 долари по жител и Германија со 8.011 долари по жител. Според податоците на ОЕЦД, Норвешка, Австрија, Холандија и Франција се на четврто, петто, шесто и седмо место според потрошувачката на здраство по жител.

Проценките на ОЕЦД покажуваат дека годишната потрошувачка на здравствена заштита по жител пораснала за просечно 2,6% во годините после пандемијата на КОВИД-19. Од 2019 до 2022 година просечната годишна потрошувачка нза здравство пораснала за 3,3%.

- Advertisement -

Извештајот покажува и дека многу земји се уште не закрепнале од пандемијата, па просечниот животен век на луѓето се намалил за 0,7 години од 2019 до 2020 година во сите земји на ОЕЦД. Во 28 од земјите е уште е на ниво пониско од пред пандемијата, иако некои податоци од 2022 година укажуваат на закрепнување.

Бројот на доктори во земјите на ОЕЦД се зголемил од 3,5 милиони во 2011 година на 4,3 милиони во 2021 година. Во сите земји на ОЕЦД бројот на доктори растел побрзо отколку бројот на жители.

(Euro News)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -