CES Лас Вегас: Словенечки стартап претстави паметен паричник кој не се губи!

- Advertisement -

Словенечката стартап компанија Chipolo, која својата доста успешна бизнис кариера ја започна благодарение на кампања на Kickstarter во 2013 година, во третата година од своето работење оствари приход од 2,5 милиони евра и половина милион евра добивка. Идејата на шест пријатели од средно училиште прерасна во компанија специјализирана за следење на изгубените предмети, со 22 вработени и 15 надворешни соработници.

Стартапот во соработка со модниот бренд Perry Ellis, на најголемото технолошко случување, саемот CES во Лас Вегас, претстави паметен паричник. Паметен поради тоа што стартапот вградил во паричникот технологија која ви помага да пронајдете предмети оддалечени на 60 метри од паричникот. Нивните дигитални трагачи веќе се присутни во околу 200 држави. Паметниот паричник влегува во продажба од февруари и ќе може да се купи за 75 долари, во продавници ширум САД и на веб страницата на Perry Ellis.

- Advertisement -

Инаку, паричниците се сметаат за едни од нештата кои најмногу се губат. Црните, кожени паричници на Perry Ellis, ќе имаат посебен џеб со картичката за трагање на Chipolo. Кога корисникот ќе го изгуби или заборави паричникот, ќе биде упатен сигнал до мобилниот телефон со јачина од 95 децибели, на оддалеченост од 60 метра. Ако пак паричникот е на поголема оддалеченост, тогаш може да се лоцира преку специјализирана мобилна апликација.

- Advertisement -

„Колку што е поголема заедницата на корисници на нашата технологија, толку поефикасно можеме да ги решаваме проблемите кои се јавуваат кога ќе се изгуби некој личен предмет, како на пример паричникот.“, изјавил директорот на Chipolo, Примож Зеленшек.

Со учеството на CES во Лас Вегас, стартапот се надева дека ќе склучи и други договори за соработка, а веќе се во преговори со две компании од Германија и Франција, производители на технологија која работи на безжичен принцип или со Bluetooth.

Сподели!
- Advertisement -