LIONS го објави новиот извештај и рангирање за креативноста во 2024 година: Coca-Cola за прв пат е најкреативен бренд на годината

- Advertisement -

Извештајот за креативност на LIONS, врвниот глобален репер за влијателна креативност, го објави своето дефинитивно рангирање. Врз основа на перформансите од фестивалот Cannes Lions 2024, извештајот ја демонстрира креативната извонредност, проследено со увиди за влијанието на испорачаните резултати, покажувајќи како најкреативните бизниси во светот ја користат креативноста како средство за раст и развој.

Меѓу најважните моменти од извештајот доаѓа фактот што Coca-Cola за првпат се прогласени за најкреативен бренд на годината, благодарение на 17-те награди кои ги освоија нивните под-брендови. „Компанијата Coca-Cola верува дека креативноста е суперсила што го поттикнува растот, ги инспирира луѓето и – што е најважно – поттикнува промени“ – истакна по овој повод Маноло Аројо, извршен потпретседател и глобален директор за маркетинг во The Coca-Cola Company.

- Advertisement -

Групацијата WPP беше прогласена за најкреативна компанија на годината, првенствено благодарение на нивната соработка со Coca-Cola која придонесе во освојувањето на три златни награди за кампањата „Thanks for Coke-Creating“, со дополнителни 14 награди за четири други проекти.

Во рангирањето на државите, Соединетите Американски Држави се најдоа на водечката позицијата, по што следува Бразил на второто место (напредувајќи едно место од 2023 година), додека пак Германија имаше најзначителен скок од четири места нагоре – за да стигне до петтото место.

- Advertisement -

„Рангирањето за креативност на LIONS им покажува на креативците и на маркетерите – агенции и брендови – колку всушност креативниот маркетинг е важен, сè со цел поттикнување на нивниот стремеж да создадат подобро, да го зајакнат растот на бизнисот и да ја променат културата. Официјалното рангирање е истовремено прослава, но и моќна алатка за иден успех, додека пак извештајот нуди анализи за влијанието на наградуваните дела, нудејќи опипливи примери за тоа како креативноста може да поттикне напредок. Честитки до сите оние кои беа вклучени во рангирањето оваа година и придонесоа за поставување на глобалните креативни стандарди. Со нетрпение очекуваме да го објавиме рангирањето на луѓето за 2024 година, како дел од Извештајот за таленти, во ноември“ – објаснува Сајмон Кук, извршен директор на LIONS.

Извештајот за креативност на LIONS се осврнува на седум категории за најкреативните регионални агенциски мрежи на годината и на 12 наградни категории на глобално ниво, вклучувајќи ги наградите за креативна компанија, агенциска мрежа, агенција, независна агенциска мрежа, независна агенција, креативен бренд, продукциска компанија, како и здравствена агенциска мрежа, агенција за здравствена заштита и медиумска агенциска мрежа на годината.

- Advertisement -

Пет последователни извештаи ќе бидат објавени врз основа на основните сегменти на Фестивалот во 2024 година: „Креативна алатка“, „Креативно влијание“, „Откриени иновации“, „Талент и култура“ и „Увиди и трендови“. Секој од извештаите ќе биде достапен за сите преку „The Work“ – платформата за увиди и истражувања на LIONS, почнувајќи од 17 октомври 2024 година, а ќе ги претстави наградените проекти, увидите и искуствата на членовите на жирито и победниците, како и воопшто најважните моменти од натпреварувачкиот процес на Cannes Lions.

Креативниот ранкинг на LIONS е достапен за увид на следниот ЛИНК.

(Mаркетинг 365)

Фото – Pexels

Сподели!
- Advertisement -