Која е најбрзорастечката економија во светот?

- Advertisement -

Индија проценува дека нејзината економија ќе порасне од 7% до 7,5% во фискалната година која почнува на 1 април, што повторно ќе ја направи најбрзорастечка економија во светот, пренесува Bizlife.

Таа проекција беше изнесена во годишниот економски преглед кој министерот за финансии на Индија, Арун Џејтли, денеска го предаде во парламентот. Прегледот е извештај за економијата пред годишниот буџет, кој ќе биде објавен на 1 февруари.

- Advertisement -

Индиската влада соопшти дека рстот на извозот и на инвестициите ќе ја забрза економијата по драстичниот пад на растот во првата половина од оваа фискална година. Како причина за забавувањето е ненадејната демонетизација и замената на 86% од банкнотите рупии во 2016 година и примената на единствениот данок на стоки и услуги.

Сподели!
- Advertisement -